fbpx

Судот му одреди притвор и издаде потерница по Сеад Кочан

-

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје ја прифати жалбата на Специјалното јавно обвинителство и му одреди притвор на бизнисменот Сеад Кочан, кој е еден од тројцата осомничени во случајот „Труст“ на СЈО, потврдија за „Мета“ од судот.

Од судот велат дека е издадена и потерница по Кочан.

Кривичниот совет на судот го прифатил образложението на жалбата на СЈО, односно дека ако се брани од слобода Кочан може да избега, да влијае на сведоци или да уништи докази повразни со случајот.

Одбраната на Кочан има право на жалба на одлуката на Кривичниот совет до Апелацискиот суд, но тоа не го одложува спроведувањето на мерката притвор, кое на сила стапува веднаш.

СЈО поднесе жалба до Кривичниот совет, откако судијата на претходна постапка го одби нивното барање на сопственикот на „Трансмет“ и на телевизија „Нова“ да му биде одредена мерка притвор.

Специјалното јавно обвинителство во вторникот минатата недела ја отвори истрагата под име „Труст“, во која три физички лица и фирмите „Трансмет“ од Скопје, „Силекс“ од Кратово и „Вато“ од Студеничани“ се товарат дека со фалсификувана документација добиле тендер од ЕЛЕМ, вреден 17.235.772 евра.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЕУ ги повика социјалните мрежи да ги означуваат содржините генерирани од вештачка интелигенција

Компаниите за социјални медиуми, вклучувајќи ги и Гугл и Фејсбук, беа повикани од ЕУ „веднаш“ да започнат со етикетирање на содржините и фотографиите генерирани од вештачка интелигенција, како дел...
Free Download WordPress Themes
Premium WordPress Themes Download
Download Nulled WordPress Themes
Download WordPress Themes
ZG93bmxvYWQgbHluZGEgY291cnNlIGZyZWU=
download karbonn firmware
Premium WordPress Themes Download
udemy free download