fbpx
Таг: Специјално јавно обвинителство

таг: Специјално јавно обвинителство

За изземањето на Вангеловски треба да одлучува Врховниот суд на општа седница

Специјалното јавно обвинителство вчера побара изземање на претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски, бидејќи е дел од прислушуваните разговори што ги објави СДСМ, во период кога исто така ја извршувал функцијата претседател на судот. Бидејќи станува збор за претседател на највисокиот суд во земјава, односно над него нема непосредно повисока судска инстанца, законот предвидел дека за негово изземање одлучува Врховниот...

СЈО побара изземање на претседателот на Врховен суд бидејќи го има во „бомбите“

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) денеска до Врховниот суд на Република Македонија поднело барање за изземање на претседателот на највисокиот суд во земјава, со образложение дека Јово Вангеловски е дел од „бомбите“ и тоа во период кога исто така ја извршувал функцијата претседател на Врховниот суд. Во денешното барање од СЈО се вели дека во прислушуваните разговори има и разговор меѓу...

Јанева го повлече барањето на Зврлевски да му се укине притворот на Кочан

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева денеска го повлекла од Врховниот суд барањето за заштита на законитоста што во понеделникот го поднел републичкиот јавен обвинител, Марко Зврлевски, во врска со притворот на бизнисменот Сеад Кочан, осомничен во случајот „Труст“. Во дописот, со назнака „многу итно“, Јанева се повикува на членот 5 од Законот за Специјално јавно обвинителство, според кој СЈО е...

Зврлевски бара од Врховниот суд да му го укине притворот на Кочан

Јавното обвинителство на Република Македонија до Врховниот суд поднело барање на заштита на законитоста во врска со притворот на бизнисменот Сеад Кочан, осомничен во случајот „Труст“ што го отвори Специјалното јавно обвинителство. Обвинителеството на Зврлевски бара „Врховниот суд да го уважи барањето за заштита на законитоста на Јавниот обвинител на Република Македонија, да ги укине решенијата на Oсновниот суд Скопје...

СЈО поднесе претставки против судијките Илиевска-Јосифовиќ и Михајлова

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) до Советот за утврдување факти и покренување одговорност за судија, поднесе претставки против судијките во Основниот суд Скопје 1, Елена Илиевска-Јосифовиќ и Татјана Михајлова. - Со претставките е побарано да се испита работата на судиите од аспект на нестручно и несовесно вршење на судската функција - стои во соопштението на СЈО. Судијката Елена Илиевска-Јосифовиќ како судија на...

Јанева: Укажувачи беа и обвинетите во „Пуч“ кои го открија криминалното владеење на една власт

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) во континуитет укажува на потребата од имплементација на препораките на Венецијанската комисија во однос на Законот за заштита на приватноста и на Законот за заштита на укажувачите (whistleblowers), заради проблемите со кои се соочува СЈО, а кои произлегуваат од недоследностите во наведените законски решенија. Ова денеска го изјави специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, која имаше...

Според КЗ: Затвор од најмалку 4 години и високи глоби за затајување данок

Специјалното јавно обвинителство денеска отвори четири нови истраги - „Табла“, „Тристa“, „Тотал“ и „Тифани“, од кои во последните две, осомничените физички лица се товарат за кривичното дело затајување данок. Според Кривичниот законик (КЗ) за ова дело е предвидена затворска казна од шест месеци до пет години и парична казна, а ако затаениот износ е значителен, сторителот ќе се казни со...

Вангеловски се сретна со Зврлевски и со Додевски, Јанева му одложи

Новиот претседател на Врховниот суд на Република Македонија, Јово Вангеловски, денеска во највисокиот суд во државата, на негова покана, имаше оделни средби со републичкиот јавен обвинител, Марко Зврлевски, и со претседателот на Адвокатската комора, Никола Додевски. Вангеловски во 13 часот требаше да одржи средба и со специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, но поради неодложни обврски Јанева го одложи состанокот. Вангеловски...

Рибарев се сретна со Јанева, разговарале за соработката меѓу судот и СЈО

Новиот в.д. претседател на Основниот суд Скопје 1, Стојанче Рибарев, денеска имал средба со специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева. - Денеска Стојанче Рибарев во просториите на овој суд оствари средба со обвинителката Катица Јанева од Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите. На средбата се разговараше за актуелните прашања во врска со соработката...

Додевски: Подготвени сме за правна битка пред домашните и меѓународните судови

Одбраната докажа дека две од вкупно три основи за притвор, Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 ги определил незаконски, што значи две третини од решението се незаконски, изјавил адвокатот Никола Додевски за „ТВ Нова“, по одлуката на Апелацискиот суд Скопје за притворот на бизнисменот Сеад Кочан. - Подготвени сме за правна битка пред домашните и меѓународни судови да докажеме...

Апелација го потврди притворот на Кочан поради опасност од бегство

Апелацискиот суд Скопје попладнево соопшти дека решението на Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1, со кое му беше одредена мерка притвор на бизнисменот Сеад Кочан, првоосомничен во случајот „Труст“ што го отвори Специјалното јавно обвинителство (СЈО), е потврдено „по однос на околноста опасност од бегство“. Како што информираат од судот, по вчерашната јавна седница, Кривичниот совет на Апелацискиот суд...

ВМРО-ДПМНЕ: СЈО и СДСМ прават дефокус од гневот на народот

Двете реакции на СДСМ и на СЈО на утринското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ покажуваат дека авторот што стои зад нив е еден ист, се вели во контрареакцијата на ВМРО-ДПМНЕ. „Тоа е уште еден доказ дека помеѓу СЈО и СДСМ има знак на еднаквост. СДСМ тоне и е во паника. Видоа дека нивната антидржавна и антинационална политика не поминува кај народот. Сосема очекувано беше...

СЈО до ВМРО-ДПМНЕ: Не сме поврзани со СДСМ, туку сме институција за која гласавте и вие

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) ги демантира наводите за негова поврзаност со СДСМ, во реакција на денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ за притворот на бизнисменот Сеад Кочан, осомничен во случајот „Труст“. Од СЈО потсетуваат дека тоа е независна е професионална институција, за чие формирање во Собранието на Република Македонија гласаа 111 пратеници. - Најостро ги демантираме наводите за поврзаност на ова јавно обвинителство...

Јанева: Откривме и вративме 66.909 избришани разговори

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева денеска го објави третиот шестмесечен извештај за работата на СЈО за периодот од 15 септември 2016 до 15 март 2017 година. Во извештајот на Јанева се наведува дека и во овој период имало опструкции на работата на СЈО и проблеми во соработката со правосудните и со другите институции. Специјалната јавна обвинителка очекува и дека напредокот постигнат...

Апелација на јавна седница ќе ја разгледува жалбата за притворот на Кочан

Апелацискиот суд денеска, во 12 часот, на јавна седница ќе ја разгледува жалбата на одбраната за притворот на бизнисменот Сеад Кочан, кој е првоосомничен во случајот „Труст“, што го отвори Специјалното јавно обвинителство. Седницата ќе биде јавна, на барање на Специјалното јавно обвинителство, потврдија оттаму за „Мета“. Завчера од Кривичниот суд информираа дека предметот по жалбата на одбраната на Кочан бил...

Јанева ќе го достави извештајот во Собрание, а пратениците ќе го разгледаат кога ќе се соберат

Специјалното јавно обвинителство ќе го достави новиот шестмесечен извештај за неговата работа до службите на Собранието на Република Македонија, а пратениците ќе го разгледуваат кога ќе се соберат и ќе го заокружат конституирањето на законодавниот дом, велат за „Мета“ од СЈО. Освен до Собранието, според законот, СЈО треба да го достави извештајот и до Советот на јавни обвинители. Од своето формирање на...

Апелација утре на јавна седница ќе ја разгледува жалбата за притворот на Кочан

Апелацискиот суд утре, во 12 часот, на јавна седница ќе ја разгледува жалбата на одбраната за притворот на бизнисменот Сеад Кочан, кој е првоосомничен во случајот „Труст“, што го отвори Специјалното јавно обвинителство. Седницата ќе биде јавна на барање на Специјалното јавно обвинителство, потврдија оттаму за „Мета“. Вчера од Кривичниот суд информираа дека предметот по жалбата на одбраната на Кочан бил...

За притворот на Кочан, предметот е испратен во Апелацискиот суд

Кривичниот суд го комплетирал предметот по жалбата на одбраната за притворот на бизнисменот Сеад Кочан, осомничен во случајот „Труст“ на Специјалното јавно обвинителство, и го испратил во Апелацискиот суд Скопје, кој треба да одлучува по него, потврдија за „Мета“ од Основниот суд Скопје 1. - Откако е добиен одговор на жалбата од Специјалното јавно обвинителство, предметот е комплетиран и испратен...

Одложено рочиштето за „Тврдина 2“, судијката Петровска на боледување

Поради боледување на судијката Лидија Петровска се одложи денешното рочиште за случајот „Тврдина 2“, што го отвори Специјалното јавно обвинителство, а во кој првообвинет е поранешниот началник на петтата управа, Горан Грујовски. Тој и уште шестмина вработени во Управата за безбедост и контраразузнавање (УБК) се товарат дека ја уништиле документацијата поврзана со двата состеми од незаконското следење на комуникациите. На денешното...

Додевски: Ирелевантно е каде е Сеад Кочан и кога ќе се врати

Ирелевантно е каде е Сеад Кочан и кога ќе се врати, изјави денеска неговиот адвокат Никола Додевски, по завршувањето на рочиштето за случајот „Тврдина 2“, каде тој е бранител на првоообвинетиот Горан Грујовски. Додевски вели дека Кочан е слободен граѓани и дека тие бараат да се стави „надвор од сила решението за притвор, сите потерници и сите правни дејства“, бидејќи во...