fbpx
Таг: Специјално јавно обвинителство

таг: Специјално јавно обвинителство

Вангеловски: СЈО не дало доказ за да му биде одреден притвор на Кочан

Ние не го укинуваме притворот на Сеад Кочан, туку ја цениме законитоста на одлуките на пониските судови, вели претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловоски, за „Дојче веле“. Ова негово објаснување доаѓа откако во петокот минатата недела, постапувајќи по барање за заштита на законитоста доставено од Јавното обвинителство, Кривичниот совет на Врховниот суд реши да ги укине одлуките на Основниот...

ВМРО-ДПМНЕ: Јанева покажа дека СЈО функционира како општинска организација на СДСМ

Катица Јанева по стоти пат докажува дека СЈО функционира само како општинска организација на СДС исполнувајќи ги наредбите на Заев и дека сите предмети што досега ги отвори се политички нарачани случаи без ниту еден доказ во нив, обвини денеска на партиска прес-конференција Невенка Стаменковска од ВМРО-ДПМНЕ. Реагирајќи на интервјуто на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева за „Дојче веле“, Стаменковска рече...

„Тврдина 2“ не се снимаше бидејќи единствената камера била на „Диво Насеље“

Денешното рочиште од судскиот процес за случајот „Тврдина 2“ не се снимаше, како што налага членот 374 од Законот за кривична постапка, бидејќи, како што објасни судијката Лидија Петровска, камерата била зафатена за снимање на судењето за случајот „Диво Насеље“, кое во исто време се одржуваше во големата сала на Врховниот суд. - Видео-тонско снимање нема да се врши бидејќи...

На 30 дена од истекот на мандатот, СЈО очекува продолжување на рокот од Собранието

Специјалното јавно обвинителство очекува поддршка од Собранието за продолжување на рокот за поднесување обвиненија, велат за „Мета“ од СЈО. „­Ова јавно обвинителство повеќепати јавно апелираше за потребата од промена на рокот за поднесување обвиненија. Во таа насока очекуваме од сите субјекти да ја увидат таа неопходност и да искажат конкретна поддршка“, стои во одговорот од СЈО на нашето прашање дали...

Вангеловски: Неделкова е изземена од предметите на СЈО бидејќи син ѝ таму е ангажиран

Врховната судијка Лидија Неделкова била изземена од одлучувањето за предметите на Специјалното јавно обвинителство поради „состојба на блискост“, односно затоа што нејзиниот син бил во некаков работен однос во СЈО, рече претседателот на Врховниот суд, Јово Вангелвоски, на денешниот бирфинг со новинарите. Станува збор за случаите за апсењето на градоначалникот на општината Пустец во Албанија, Едмонд Темелко, во случајот „Титаник“...

Врховниот суд ќе бара мислење од експерти дали „бомбите“ можат да се користат како доказ

Врховниот суд на Република Македонија ќе бара мислење од експерти за тоа дали прислушуваните разговори, т.н. „бомби“, Специјалното јавно обвинителство ќе може да ги користи како доказ во судска постапка, соопшти претседателот на највисокиот суд во земјава, Јово Вангеловски, на денешниот брифинг со новинарите. Врховните судии и на денешното продолжение на општата седница не донеле одлука по ова прашање. Сепак,...

Врховниот суд денеска ќе одлучува дали „бомбите“ може да се користат како доказ

Претседателот на Врховниот суд на Република Македонија, Јово Вангеловски, за денеска во 13 часот ја закажа седницата на која треба да се одлучува за користењето на прислушуваните разговори како докази во судските постапки, потврдија за „Мета“ од судот. Седницата нема да биде отворена за јавноста, но, како што информираат од судот, по нејзиното завршување е планирано Вангеловски да одржи брифинг...

СЈО „на работна средба на повисоко ниво“ со претставници на „Македонски телеком“

Обвинители на Специјалното јавно обвинителство денеска одржале „работна средба на повисоко ниво“ со претставници на „Македонски телеком“, во врска барањето за СЈО за претрес на компјутерските системи, а во рамките на истрагата за масовното прислушување. „Во просториите на „Македонски телеком“ денеска е одржана работна средба на повисоко ниво со преставници на оваа компанија, за да се најде решение за предметите од...

СЈО пред Велигден поднело обвинение против Талески за „Транспортер“

Специјалното јавно обвинителство го поднело обвинителниот акт за случајот „Транспортер“, во кој првоосомничен, односно сега првообвинет, е актуелниот градоначалник на Битола, Владимир Талески, кого СЈО го товари за злоупотреби со превозот на ученици во Битола, тешки 360.000 евра, потврдија за „Мета“ од СЈО. Оттаму додаваат дека обвинителниот акт до Кривичниот суд - Скопје бил поднесен пред велигденските празници. Како што информираат...

Судска ферија – предметите на СЈО на стенд-бај до 3 мај

Во зовриена политичка атмосфера, која никако не губи интензитет, судиите и главните судски инстанци ги ставија на стенд-бај клучните судења и седници, а деновиве како да си дадоа ферија со спојување на велигденските празници и на Први мај. Уставниот суд за оваа недела, односно за денеска нема закажано седница, а засега нема објавено агенда ниту за седница за следната недела. Врховниот...

Врховниот суд ја одложи седницата за користењето на „бомбите“ како докази

Врховниот суд на Република Македонија ја одложи денешната седница на која, според најавите, судиите требаше да расправаат за употребата на „бомбите“ како докази во судските постапки и за тоа кој може да поднесува барања за заштита на законитоста. Според информации од Врховниот суд, седницата била одложена бидејќи дел од судиите биле на боледување и таа ќе се одржи во некој од наредните...

Врховниот суд официјално кажа дека одбил буквално сè, но не и зошто

Врховниот суд попладнево и официјално соопшти дека ги одбил сите барања и приговори што беа на дневен ред на денешната општа седница. Имено, на седницата се одбиени барањето на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за изземање на претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски, приговорот на судијката на Врховниот суд, Лидија Неделкова, и приговорите на 17-те судии од Основниот суд Скопје 1 против...

Врховниот суд го одби барањето на СЈО за изземање на Вангеловски

Врховниот суд на денешната општа седница го одбил барањето на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за изземање на претседателот на судот, Јово Вангеловски, од Кривичниот совет, кој треба да одлучува за притворот на бизнисменот Сеад Кочан, осомничен во случајот „Труст“ што го отвори СЈО. Од Врховниот суд сè уште нема официјална потврда за одлуката за Вангеловски. Специјалното јавно обвинителство бараше изземање на...

СЈО: Врховниот суд бара информација за изземање на судија, но нема да му одговориме

Барањето што Врховниот суд на Република Македонија минатиот четврток го испратил до Специјалното јавно обвинителство се однесувало на информација поврзана со барање за изземање на судија од овој суд, соопштија попладнево од СЈО. Од СЈО не прецизираат за кој судија станува збор, а на прашање на „Мета“ оттаму велат дека не се работи за изземањето на претседателот на Врховниот суд,...

Врховниот суд утре ќе одлучува за изземањето на Вангеловски

Врховниот суд за утре ја закажа општата седница на која треба да одлучува по барањето на Специјалното јавно обвинителство за изземање на претседателот на највисокиот суд во државата, Јово Вангеловски, потврдија за „Мета“ од судот. На седница која е затворена за јавноста, како што информираат од Врховниот суд, ќе се одлучува и по приговорите на судиите од Основниот суд Скопје...

Вангеловски го обвини СЈО дека одбива да соработува, но не кажува за што

Претседателот на Врховниот суд на Република Македонија, Јово Вангеловски, денеска го обвини Специјалното јавно обвинителство дека одбива да сораборува со Врховниот суд и одбива да одговара на неговите барања. Вангеловски денеска преку соопштение информираше дека во четвртокот минатата недела до СЈО доставил барање за информација, но до денеска од кабинетот на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, не му било одговорено. Од...

Во првото тримесечје нема барања за утврдување одговорност на судија

Советот за утврдување на факти и поведување постапка за утврдување одговорност на судија во првото тримесечје од оваа година, односно во периодот од 1 јануари до 31 март 2017 година, примил вкупно 121 иницијатива за утврдување одговорност на судија, стои во првиот квартален извештај на Советот. Според извештајот, во вкупниот број на претставки и на поплаки, во јануари до Советот...

Во Македонија има 37 регистрирани воздухоплови, од кои три се приватни летала

Во Македонија има вкупно 37 регистрирани цивилни воздухоплови, стои во регистарот на впишани воздухоплови на Агенцијата за цивилно воздухопловство, последен пат ревидиран на 13 март оваа година. Инаку, Специјалното јавно обвинителство денеска соопшти дека го проверува имотот на функционери и на фирми, откако пратеникот во Собранието и член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, на својот фејсбук-профил објави документ...

СЈО ги проверува имотите на функционери и на фирми за финансиските истраги што ги води

Специјалното јавно обвинителство врши детални проверки на имотот на поголем број лица и фирми, за потребите на финансиските истраги што ги води, соопштија денеска од СЈО. „Пред ова Јавно обвинителство се водат повеќе предистражни постапки кои за цел имаат спроведување на финансиски истраги против поголем број на физички и правни лица. Целта на овие предистражни постапки е да се провери...

Врховниот суд сè уште не ја закажал седницата за изземањето на Вангеловски

Врховниот суд на Република Македонија сè уште не ја закажал општата седница на која треба да се одлучува по барањето на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за изземање на претседателот на судот, Јово Вангелвоски, велат за „Мета“ од Врховниот суд. - Во врска со Вашето прашање, Ве известуваме дека Врховниот суд на Република Македонија сè уште нема закажано општа седница на...
Горан Стефановски фото: Општина центар

УКИМ ќе основа Фондација „Горан Стефановски“

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ) соопшти дека денеска донел одлука за основање на Фондација „Горан Стефановски“. Одлуката ја донел Сенатот на УКИМ, во очи роденденот на...