fbpx

Во Македонија има 37 регистрирани воздухоплови, од кои три се приватни летала

-

Во Македонија има вкупно 37 регистрирани цивилни воздухоплови, стои во регистарот на впишани воздухоплови на Агенцијата за цивилно воздухопловство, последен пат ревидиран на 13 март оваа година.

Инаку, Специјалното јавно обвинителство денеска соопшти дека го проверува имотот на функционери и на фирми, откако пратеникот во Собранието и член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, на својот фејсбук-профил објави документ испратен до Агенцијата за цивилно воздухопловство, со кој СЈО бара од Агенцијата информации дали Милошоски поседува или поседувал воздухоплов.

Во регистарот на впишани воздухоплови го нема името на Милошоски.

Од она што може да се види, меѓу регистрираните летала се владиниот „лирџет“, потоа два „пајпери“, едниот на име на белградската фирма „Њу ејџ инвестмент“ (New Age Investment), а другиот на „Транс интер ДОО“.

Штипјанецот Раде Ивановски во регистарот е впишан како сопственик на две летала – една „цесна 172Н“ (CESSNA 172N) и едно летало „моран солние МС894А“ (MORANE SAULNIER MS-894-A).

Покрај Ивановски, уште една „цесна“ (CESSNA F172M) е регистрирана на Исмаил Лимани.

Ако се пребара на „Гугл“, за Раде Ивановски може да се најде дека меѓу штипјани важи за познат пилот, кој работел за една авиокомпанија во Руанда, а претходно и за компании во Индија и во Тунис. Тој пред неколку години дошол во Македонија, меѓу другото и за да разговара со Агенцијата за цивилно воздухопловство околу потребата за формирање македонска авиокомпанија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел ја бомбардира Сирија, има над 40 жртви

Израел го бомбардираше регионот околу градот Алепо во Северна Сирија, пренесува Гардијан. Израелските сили таргетирале членови на либанската паравоена организација Хезболах. Има повеќе различни контрадикторни информации за бројот на убиени,...