fbpx

Вангеловски го обвини СЈО дека одбива да соработува, но не кажува за што

-

Претседателот на Врховниот суд на Република Македонија, Јово Вангеловски, денеска го обвини Специјалното јавно обвинителство дека одбива да сораборува со Врховниот суд и одбива да одговара на неговите барања.

Вангеловски денеска преку соопштение информираше дека во четвртокот минатата недела до СЈО доставил барање за информација, но до денеска од кабинетот на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, не му било одговорено.

Од судот не кажуваат за што конкретно и за кој случај е инфомацијата што ја бараат од СЈО и единствено наведуваат дека поради итниот карактер на барањето, имало неколку телефонски разговори меѓу шефот на кабинет на Вангеловски и шефот на кабинетот на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева.

„Врховниот суд на Република Македонија ја известува јавноста дека обвинителството очигледно одбива да постапува по барањето на Врховниот суд на Република Македонија, со што влијае на пролонгирање на итна постапка која се води пред Врховниот суд на Република Македонија“, стои во соопштението на Врховниот суд.

Од СЈО за „Мета“ велат дека во текот на денот ќе излезат со информација за што конкретно станува збор.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

(ВИДЕО) Денот на Општина Тетово се одбележа со отпадоци и со депонии

Денес се одбележа денот на Општина Тетово, а повеќе од една недела градот се гуши во отпадоци и депонии расфрлани насекаде. Решение за овој проблем немаат ниту општинските власти,...