fbpx
Таг: Специјално јавно обвинителство

таг: Специјално јавно обвинителство

Специјалниот обвинител ќе има тим обвинители, преговорите продолжуваат

По вчерашните маратонски преговори на работните групи, кои траеле до 2 часот по полноќ, договор нема, но има приближување на позициите за едно од најспорните прашања - тимот со кој ќе работи обвинителот. Претставниците на партиите потписничкии на Договорот од Пржино договорија дека специјалниот обвинител ќе има тим обвинители кои заедно со него ќе работат на аферата со прислушување и на случајот...

Ахмети: Специјалниот обвинител ќе се избере во вторник

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во интервју за весникот „Коха“, вели дека специјалниот обвинител ќе биде избран во вторник, како што е пропишано со Договорот од Пржино, а негов предлог е специјалниот обвинител да има осум заменици обвинители во својот тим и тројца од нив да бидат Албанци. - Од првиот ден изразивме подготвеност да се презентираат потенцијалните кандидати за оваа важна...

ВМРО-ДПМНЕ одбива специјалниот обвинител да формира сопствен тим

Владејачката партија одбивала специјалниот обвинител да формира сопствен тим со кој би работел, објави „Нова“. Порталот пишува дека најмалку десет обвинители се потребни во тимот на специјалниот обвинител затоа што голема е веројатноста да има потреба од покренување истражни дејства и во странски држави. Настрана тоа, ако тој обвинител е сам, нема да биде возможно никаква работа да заврши без...

Шилегов: Нема бегање од изборот на специјален јавен обвинител

Мое лично, непартиско мислење е дека треба да се врати стариот изглед на објектот на зградата, изјави Петре Шилегов, портпаролот на СДСМ, одговарајќи на новинарско прашање дали СДСМ планира да го врати стариот изглед на Владата на Македонија. Шилегов рече и дека нема да се избега од изборот на специјален јавен обвинител. - Бегање од изборот на специјален јавен обвинител нема,...

Калајџиев: Да не влеземе во стапицата дека сè мора да заврши до 15 септември

„Мислам дека целава приказна лошо ја води опозицијата - и понатаму да ги држи на страна професионалните здруженија и НВО-секторот. Ние сме доведени во ситуација да се одлучува за еден суштински закон, кој ќе има влијание на историјата на Македонија - дали ќе успее да почне одново да се создава правната држава. Јавноста не треба да влезе во стапица дека рокот...

Во СДСМ се изненадени од изјавата на премиерот за специјалниот обвинител

И во опозицискиот СДСМ се изненадени од вчерашната изјава на премиерот Никола Груевски, во врска со изборот на специјален јавен обвинител. Оттаму велат дека досега од ВМРО-ДПМНЕ инсистирале да се избере само специјален обвинител и не прифаќале дека тој треба да има и стручни соработници, ниту, пак, други работи кои му се потребни за да може независно да работи, па и...

Заев: Идната година во вистинска слобода да го дочекаме Денот на независноста

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, придружуван од партиска делегација, Денот на независноста го прослави со граѓаните во месноста Три Круши. Заев, на присутните им кажа дека делегацијата го посетила гробот на Киро Глигоров и својот говор го почна цитирајќи го првиот македонски претседател со говорот што го одржа на денот кога беше прогласена независноста. Претседателот на опозицијата кажа пред граѓаните...

Груевски: Специјален обвинител мора да се избере

„Договорот од 2 јуни, како и протоколот од 15 јули, мора целосно и да се спроведат и да завршат со парламентарни избори на 24 април идната година, по кои никој нема да може да има алиби и да не ги признава резултатите. Доста ѝ е на Македонија од бојкоти и од политичари кои немаат доблест да излезат пред нивната...

Партиите денеска продолжуваат со преговорите за специјалниот обвинител

Работните групи со претставници на четирите партии потписнички на Договорот од Пржино, денеска продолжуваат со преговорите за избор на специјален јавен обвинител, кој, според договорот, треба да ги истражи наводите од содржината на прислушуваните разговори што ги објави опозицијата. Специјалниот јавен обвинител, во мометот е „најжешката“ тема околу која разговараат работните групи, а чие именување, според Договорот од Пржино, треба...

Европската комисија го поздрави враќањето на опозицијата во Собранието

Европската комисија го поздрави враќањето на опозицијата во Собранието. Портпаролката на ЕК, Маја Коцијанчич, рече дека сега е време Собранието да почне да работи на реформските приоритети во интерес на целата земја. - Ние го поздравуваме фактот дека опозицијата сега е вратена во Собранието. Знаете дека тоа е дел од Договорот посредуван од Европската унија, кој беше постигнат во јуни...

Без напредок на денешна средба за специјален јавен обвинител

Тричасовната средбата на работните групи на политичките партии потписнички на Договорот од Пржино заврши без изјави. Претставниците на политичките партии, белгискиот експерт Питер ван Хојте, ирскиот олеснувач Џејмс Хамултон и  американскиот обвинител за организиран криминал и корупција Џон О`Саливен го напуштија Клубот на пратеници, без да откријат дали има некаков напредок во однос на горливото прашање за Специјален јавен обвинител,...

Заев: Граѓаните ќе добијат ако Македонија е една изборна единица

Големите политички партии ќе изгубат ако Македонија биде една изборна единица, но во таков случај добиваат граѓаните, парламентарната демократија и реално, преку моделот со една изборна единица, повеќе нема да се случи да има моќни фигури како што беше Груевски во Македонија. Ова денеска го изјави Зоран Заев, претседател на СДСМ на средба со граѓаните во Пехчево. - Овој период мора...

Јашари: Да се донесе нов Закон за специјалниот јавен обвинител

Прашањето за специјалниот јавен обвинител кој е дел од преговорите на работните групи и од Договорот од Пржино најдобро ќе се реши со усвојување на нов закон, смета министерот за правда, Аднан Јашари, објавува „Алсат М“. Според министерот ако се донесе нов закон нема да има конфликт со надлежности на Јавното обвинителство. Ако четирите политички партии кои преговараат не покажат волја...

Специјалниот обвинител во лимбо: Кој може и кој смее да биде?

Посебен закон за специјален јавен обвинител или избор на вршител на оваа функција, кој ќе ги истражува наводите за криминал што произлегуваат од аферата „Прислушување“, по актуелната законска регулатива, во моментов е главниот мегдан околу кој се кршат ставовите на четирите партии - потписнички на Договорот од Пржино. Од договорот околу ова прашање зависи и личноста која ќе биде избрана...

Денеска во Клубот на пратеници ќе се кршат копјата за специјалниот јавен обвинител

Денеска во 13 часот прeтставниците од политичките партии потписнички на Договорот од Пржино ќе се сретнат во Клубот на пратениците да разговараат за специјалниот јавен обвинител. Социјалдемократите вчера категорично демантираа дека разговараат со личности кои би биле кандидтати за обвинител. - Се уште не разговараме за имиња, затоа што е несериозно тоа да се прави без да се донесе прво закон...

Ван Хојте: Имавме солидна и интересна дискусија

Заврши средбата на претставниците на политичките партии на која се разговараше за специјалниот јавен обвинител. На средбата присуствуваше белгискиот експерт и олеснувач Питер ван Хојте. Како што јави „Телма“, претставниците на партиите по состаникот заминале без да соопштат детали, додека пак белгискиот олеснувач дискусијата ја нарекол солидна и интересна. - Денеска не можам да дадам никаков коментар. Имаше многу интересна, многу солидна...

Почна средбата на работните групи за специјалниот обвинител

Започна средбата на работните групи на партиите потписнички на Договорот од Пржино. Средбата се одржува во Клубот на пратеници, а тема на денешниот состанок е специјалниот јавен обвинител. Претставници на СДСМ се Рената Дескоска и Оливер Спасовски, а на ВМРО-ДПМНЕ Никола Попоски и Никола Тодоров. ДУИ ја претставуваат Артан Груби и Муса Џафери, а ДПА Имер Алиу и Беким Фазлиу. Засега,...

Коцијанчич: Ако треба, ЕУ ќе помогне за специјалниот обвинител

Европската унија (ЕУ) ќе обезбеди секаква помош доколку е потребно за да се формира специјален обвинител, кој треба да ги истражи наводите што произлегоа од прислушуваните разговори, изјавила Маја Коцијанчич, портпаролка на еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан, во одговор на прашањата на весникот „Вест“ дали се утврдени деталите за функционирање на специјалниот обвинител и дали се размислува...

ВМРО-ДПМНЕ: Од соопштението на СДСМ се гледа дека Заев е исплашен

Соопштението на СДСМ е само признание дека Зоран Заев планира да се избере обвинител кој треба однапред да му гарантира позитивна разврска на судскиот процес за случајот „Пуч“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ. „Оваа сооопштение само ги потврди сомневањата на медиумите дека Зоран Заев целокупните преговори ги водеше за да обезбеди сопствено спасување од криминалите во кои е до гуша заглавен. Заев...

СДСМ: Груевски призна страв од специјалниот јавен обвинител

Никола Груевски денеска јасно призна дека случајот „Пуч“ е политички монтиран и призна страв од новиот специјален јавен обвинител, реагираат од СДСМ. „Од СДСМ велат дека партиското гласило на Груевски, „Курир“, тврди дека „На Заев му е потребен специјален јавен обвинител да го ослободи од Пуч“. Тоа значи дека Груевски знае дека не постои дело „Пуч“, штом на уште неизбран, неименуван...

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...