fbpx
Таг: Специјално јавно обвинителство

таг: Специјално јавно обвинителство

Јанева за намалувањето на тимот: За обемот на работа, доволни ни се 10 обвинители

За совладување на обемот на работа, на Специјалното јавно обвинителство во моментов му се потребни десет обвинители, велат од кабинетот на специјалната обвинителка Катица Јанева, на прашањето на „Мета“ за коментар за денешната изјава на претседателот на Советот на јавни обвинители, Петар Аневски, дека Јанева разрешила и остранила од работа две обвинителки од својот тим. „Утврдено е дека за совладување на обемот...

Аневски: Јанева разреши две обвинителки од својот тим

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, разрешила две обвинителки од својот тим, соопшти денеска претседателот на Советот на јавни обвинители, Петар Аневски, по завршувањето на денешната седница. Како што рече Аневски, Јанева на своја иницијатива ги отстранила обвинителките Лејла Кадриу и Марија Ѓорѓева и им рекла да ги вратат предметите и токените, да ги исчистат бироата, да ги напуштат канцелариите и да се...

Премиерот Димитриев е против одложување на изборите

Премиерот на преодната влада, Емил Димитриев, изјави дека нема основа за одложување на предвремените парламентарни избори и дека тие ќе се одржат на 24 април. Ова Димитриев го изјави при посетата на новата здравствена установа „Пет центар“, каде беше придружуван од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, и од министерот за здравство, Никола Тодоров. Димитриев рече дека во овој момент нема потреба од...

МВР: Висок степен на опасност по животот на Јанева и на нејзините соработници

Со оглед на високиот степен на опасност по животот и по личниот интегритет при вршењето на работните задачи во Специјалното јавно обвинителство, од Министерството за внатрешни работи е побаран одреден број полициски службеници за јавната обвинителка Катица Јанева и за нејзините соработници - обвинители, соопшти попладнево МВР. „Од страна на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои...

Јанева со тимот на терен во Битола, ја испитува работата на Талески и на Општината

Специјалната обвинителка Катица Јанева и членови на нејзиниот тим деновиве биле во посета на Битола, а во врска со постапката што Специјалното јавно обвинителство ја води против градоначалникот на Општината, Владимир Талески, дознава „Мета“. Од обвинителството ни потврдија дека членови на тимот на Јанева ја посетиле Битола, но не прецизираат дали со нив била и Јанева. „Точно е дека членови на тимот на...

Јанева го испитува работењето на Општина Битола, а не само наводите од „бомбата“

Специјалното јавно обвинителство ги презело сите предмети отворени во врска со работата на Општина Битола и на градоначалникот Владимир Талески, што претходно ги истражуваше Основното јавно обвинителство од Битола. Извори од Обвинителството во Битола потврдуваат дека во рацете на Катица Јанева не е само „бомбата“ на опозицијата со бесплатниот школски превоз, туку сè што било ставено под знак прашалник во работата...

Јанева испрати обвинители во Битола за „бомбата“ за школскиот превоз

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева деновиве испратила обвинители од својот тим лично да ја истржуваат „бомбата“ поврзана со бесплатниот школски превоз во општина Битола. Според извори на „Мета“, обвинителите на Јанева од неколку училишта во Битола побарале документи, списоци и фактури колку ученици користеле бесплатен школски превоз во учебните 2009-2010 и 2010-2011 година. Наводно, она што ги интересирало обвинителите биле податоците за...

Пратениците го изгласаа Законот за јавнообвинителска служба на Јанева

Со 75 гласа „за“, пратениците во Собранието попладнево го донесоа Законот за измена и за дополнување на Законот за јавнобвинителска служба, што го бараше специјалната обвинителка Катица Јанева. Измените беа разгледувани во итна постапка. За два часа ја поминаа расправата на пленарна седница, а потоа и второто читање во собраниските комисии. Со овие измени во постојната регулатива во членот 4 се...

Заев: Ќе се појавам пред Анкетната комисија откако Груевски јавно ќе сведочи

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во интервју за „Топ-тема“ на телевизијата „Телма“ рече дека ќе се појави пред Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето откако премиерот Груевски јавно ќе сведочи. Во врска со скандалот со фалсификуваните лични карти, Заев потсети дека тие се издадени од 2009 до 2014 година и истакна дека истрагата треба да потврди за која намена и...

Обвинителството ѝ ги предаде сите предмети од прислушувањето на Катица Јанева

Со две возила, Јавното обвинителство денеска попладне, околу 15 часот, во Министерството за правда ги донесе материјалите за предметите што ги побара специјалната обвинителка, Катица Јанева. Документите, доказните материјали, кои беа спакувани во дваесетина кутии, Јавното обвинителство ги предаде на последниот ден од истекот на законски предвидениот рок. Предметите се против поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков,...

Специјалното обвинителство бара итно да се донесе законот за јавнообвинителска служба

Загриженост за одолжувањето на процесот на носење на законот за јавнообвинителска служба денеска изрази Специјалното јавно обвинителство. Според соопштението, без законот, функционирањето на Специјалното јавно обвинителство ќе биде значително отежнато од причина што стручниот, истражниот и административниот кадар имаат значајна улога за непречено извршување на работите и се еднакво неопходни како и јавните обвинители. Од обвинителството апелираат до надлежните...

ВМРО-ДПМНЕ не коментира, на СДСМ им е драго што Јанева почнала со работа

Петре Шилегов, портпаролот на СДСМ, вели дека им е драго што и покрај сите опструкции, специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, почнала да работи. - Сите бевме свесни за опструкциите што ѝ се правеа на специјалната јавна обвинителка, само за да се одложи почетокот на работата. Драго ни е што таа смогна сили и што и покрај сè почна да ги...

Обвинителството ѝ ги испрати на Јанева статистичките податоци за „бомбите“

Јавното обвинителство попладнево соопшти дека до специјалната обвинителка, Катица Јанева, го доставило деталниот статистички преглед, како и податоците од отворените предмети за случаите што произлегуваат од содржината на прислушуваните разговори, а кои Јанева ги побара минатата недела. Во соопштението на Обвинителството детално се наведени бројот на предметите, лицата против кои е покрената постапка, видот на кривичните дела за кои се води...

Јанева барала од Обвинителство да ѝ достави податоци за отворените предмети

Катица Јанева барала Јавното обвинителство да ѝ достави статистички податоци за тоа колку предмети се отворени, а произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите. „Во Јавното обвинителство на Република Македонија вчера во попладневните часови, пристигнa барање од страна на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, за доставување на...

ОБСЕ ѝ понуди поддршка и соработка на Јанева

Шефицата на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Нина Суомалаинен, денеска ѝ понудила поддршка и соработка со специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, соопштија од Мисијата на ОБСЕ во Скопје по денешната средба. На средбата, како што се наведува во соопштението, Суомалаинен и Јанева разговарале за новата улога на обвинителката и за претстојните предизвици. Суомалаинен ѝ честитала на Јанева за формирањето на нејзиниот...

Тодор Петров бара процена за уставноста на Специјалното обвинителство

Уставниот суд на Република Македонија потврди дека до нив стигнала нова иницијатива за оцена на уставноста на Специјалното јавно обвинителство, која ја поднел претседателот на Светскиот македонски конгрес, Тодор Петров, објави „Алсат М“. Со тоа, во Уставниот суд сега има две барања што можат да ја турнат Катица Јанева од неодамна стекната функција. Таква иницијатива веќе поднесе адвокатот Томе Тодоровски од Свети Николе, кој,...

Ховит за „Мета“: Македонија не падна, но сè уште стои на работ на бездната

Европратеникот и поранешен известувач на Европскиот парламент за Македонија, Ричард Ховит, во интервју за „Мета“ оцени дека е предоцна да се добие позитивна препорака, но оти вратата на ЕУ не е затворена. Тој ја повика владејачката партија на премиерот Никола Груевски да ги спроведе преземените обврски и да ја врати земјата на патот кон ЕУ. Во последните три години, од...

Камбовски: Силно експертско тело за ревизија на законите за судството

Формирање на силно експертско тело, кое во соработка со Министерството за правда и со судовите, ќе направи ревизија на повеќе закони од областа на судството, предложи претседателот на Македонската академија на науките и на уметностите (МАНУ), Владо Камбовски, на денешната научна и стручна дебата посветена на независноста на судството. Камбовски посочи дека прашањето за независноста на судството не е прашање...

Пратениците денеска ќе гласаат за буџетот на Јанева

Пратениците на денешната седница на Собранието ќе треба да го одобрат буџетот на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, за таа да може да работи. Средствата во износ од 63.420.428 денари или околу еден милион евра, како што се посочува во одлуката, се наменети за непречено работење и за автономно функционирање на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои...

Котевски: Ванхауте знае кого и колку притиска

„Преговорите се живи и разговорите се во тек, но за тоа најубаво да го прашате посредникот во разговорите, Питер Ванхауте“, вели и денеска директорот на центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, Иво Котевски. На прашање на „Мета“ дали во билатералните средби што посредникот ги има со партиите, поголем е притисокот кон ВМРО-ДПМНЕ, Котевски вели дека за да го коментира тоа, треба да...

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...