fbpx

Одложено рочиштето за „Тврдина 2“, судијката Петровска на боледување

-

Поради боледување на судијката Лидија Петровска се одложи денешното рочиште за случајот „Тврдина 2“, што го отвори Специјалното јавно обвинителство, а во кој првообвинет е поранешниот началник на петтата управа, Горан Грујовски.

Тој и уште шестмина вработени во Управата за безбедост и контраразузнавање (УБК) се товарат дека ја уништиле документацијата поврзана со двата состеми од незаконското следење на комуникациите.

На денешното рочиште не беа присутни ниту еден од обвинетите.

Обвинителката на СЈО, Ленче Ристоска, која го застапува обвинението, по завршувањето на рочиштето изјави дека успеале да добијат решение за „декласификација на голем дел од доказите“.

– Денешното рочиште се одложи така што останува да видиме наредниот пат. Ние успеавме да добиеме решение за декласификација на голем дел од доказите, така што на наредното рочите ќе видиме што ќе се случува. Наредното рочиште е закажано на 5 мај – изјави Ристоска.

На прашање каква е соработката со УБК, таа одговори дека соработката и понатаму оди отежнато.

На претходните две подготвителни рочишта, судијката Петровска му наложи на СЈО да ги декласифицира доказите, за да може да бидат користитени во судската постапка.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел ја бомбардира Сирија, има над 40 жртви

Израел го бомбардираше регионот околу градот Алепо во Северна Сирија, пренесува Гардијан. Израелските сили таргетирале членови на либанската паравоена организација Хезболах. Има повеќе различни контрадикторни информации за бројот на убиени,...