fbpx

Додевски: Ирелевантно е каде е Сеад Кочан и кога ќе се врати

-

Ирелевантно е каде е Сеад Кочан и кога ќе се врати, изјави денеска неговиот адвокат Никола Додевски, по завршувањето на рочиштето за случајот „Тврдина 2“, каде тој е бранител на првоообвинетиот Горан Грујовски.

Додевски вели дека Кочан е слободен граѓани и дека тие бараат да се стави „надвор од сила решението за притвор, сите потерници и сите правни дејства“, бидејќи во случајот Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 не постапил законски.

– Ако го читавте моето соопштение, веќе е целосно ирелеватно е каде е господинот Кочан. Тој си ги врши своите работни активности како слободен граѓанин… Сеад Кочан е слободен гараѓанин бидејќи, прво: се бараше негово апсење врз основа на неправосилно решение, а второ, затоа што во моментов, според сите конвенциски правила, според сите прописи, директната примена на член 6 (од Европската конвенција за заштита на човековите права, н.з.) во Република Македонија, тоа решение за притвор веќе нема правна важност. Потребно е софистицирано познавање на правото, потребно е познавање на конвенциското право кое, за жал, многу од т.н. правници и експерти што си земаат право да толкуваат воопшто го немаат прочитано. Ние побаравме советот, кој ја направил незаконитоста, да го стави надвор од сила решението за притвор, сите потерници и сите правни дејства – изјави Додевски, одговарајќи на новинарски прашања.

Специјалното јавно обвинителство денеска соопшти дека ќе поднесе одговор на жалбата на адвокатот на Сеад Кочан, Никола Додевски, во кој ќе ги изнесе забелешките на одбраната во врска со одлуката на Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 на Кочан да му одреди мерка притвор.

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1, во четвртокот минатата недела, донесе решение со кое на бизнисменот Кочан, кој е еден од тројцата осомничени во случајот „Труст“ на СЈО, му одреди мерка притвор. Оттогаш Кочан е недостапен за органите на прогонот и против него е распишана и меѓународна потреница преку Интерпол.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Порано само читавме онлајн, сега животот го мигрираме онлајн

Правете бекап на дигиталните податоци, бидејќи ако чувате сè на лаптоп и ако случајно се оштети некој диск, ќе изгубите сè. Лозинките што ги креирате да бидат доволно долги...