За притворот на Кочан, предметот е испратен во Апелацискиот суд

-

Кривичниот суд го комплетирал предметот по жалбата на одбраната за притворот на бизнисменот Сеад Кочан, осомничен во случајот „Труст“ на Специјалното јавно обвинителство, и го испратил во Апелацискиот суд Скопје, кој треба да одлучува по него, потврдија за „Мета“ од Основниот суд Скопје 1.

– Откако е добиен одговор на жалбата од Специјалното јавно обвинителство, предметот е комплетиран и испратен на одлучување во Апелацискиот суд Скопје – ни изјавија од судот.

Адвокатот на Кочан, Никола Додевски, вчера и денеска го обвини Кривичниот суд дека навреме не го доставил предметот до Апелацискиот суд и дека веќе поминал рокот за одлука по жалбата поради што решението за притвор повеќе нема правно дејство. Тој нагласи и дека Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 сторил груба незаконитост и без законска основа навел дека жалбата не го задржува извршувањето на решението за определување мерка притвор.

Специјалното јавно обвинителство денеска претпладне најави дека ќе поднесе одговор на жалбата на Додевски, во кој ќе ги изнесе своите одговори на забелешките на одбраната на Кочан.

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 во четвртокот минатата недела донесе решение со кое на бизнисменот Кочан, кој е еден од тројцата осомничени во случајот „Труст“ на СЈО, му одреди мерка притвор. Оттогаш Кочан е недостапен за органите на прогонот и против него е распишана и меѓународна потреница преку Интерпол.

Љутков: Културата и европските престолнини на културата се моќен двигател за одржливиот развој

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков учествуваше на Состанок на министрите за култура од Западен Балкан. На состанокот на кој присуствуваа и еврокомесарите за проширување и за меѓугенерациска правичност, млади, култура...

Детектор анкета: Мерките за замрзнување не даваат ефект, граѓаните ги обвинуваат маркетите за инфлацијата

Само 16 проценти од граѓаните можат целосно да си ги покријат месечните трошоци за живот, покажува анкетата која за емисијата Детектор на Сител ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје. Третина...

Парламентарни избори во Косово

Во Косово денеска се одржуваат парламентарни избори, на кои граѓаните ќе можат да гласаат во 941 избирачки центар и 2,533 гласачки места. Косовските граѓани во дијаспората гласаа вчера во 30 дипломатски претставништва,...

Истрага против дилер на дрога во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 46-годишен скопјанец осомничен за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни сустанции и прекурсори по...

Љутков: Културата и европските престолнини на културата се моќен двигател за одржливиот развој

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков учествуваше на Состанок на министрите за култура од Западен Балкан. На состанокот на кој присуствуваа и еврокомесарите за проширување и за меѓугенерациска правичност,...