fbpx

Додевски: Судот незаконски издал наредба за притвор и потерница за Сеад Кочан

-

По 17.20 часот денеска, решението за притвор против Сеад Кочан ќе биде неважечко, ако не биде доставено до Апелациски суд. Судот незаконски, пред да стане правосилно решението за притвор против осомничениот Сеад Кочан, издал наредби за притворање и за издавање потерници, што претставува флагрантно прекршување на принципот на владеење на правото, вели адвокатот на Кочан, Никола Додевски, во соопштение до медиумите.

Според Додевски, Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 сторил груба незаконитост и без законска основа навел дека жалбата не го задржува извршувањето на решението за определување мерка притвор, тврди Додевски.

„Кога притвор одредува Кривичниот совет и жалба се поднесува до Апелациски суд, законот не предвидува дека жалбата не го задржува извршувањето на решението, туку, напротив, согласно член 442 од ЗКП, жалбата го задржува извршувањето на решението“, се вели во соопштението.

Судот, исто така, сè уште не го доставил предметот до Апелацискиот суд Скопје, иако рокот за донесување одлука истекува денеска во 17.20 часот. По тој момент, решението за определување мерка притвор нема да произведува правно дејство, вели Додевски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...