fbpx

СЈО подготвува одговор на жалбата на Додевски за притворот на Кочан

-

Специјалното јавно обвинителство ќе поднесе одговор на жалбата на адвокатот на Сеад Кочан, Никола Додевски, на решението на Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 на Кочан да му биде одредена мерка притвор, велат за „Мета“ од СЈО.

Оттаму информираат дека денеска ја добиле жалбата на одбраната на Кочан и дека во рок од 24 часа ќе поднесат одговор на жалбата, за која треба да одлучува Апелацискиот суд Скопје.

– Нашите одговори на забелешките на одбраната ќе ги истакнеме во одговорот на жалбата, кој ќе биде поднесен во законски предвидениот рок до судот. Денеска до ова јавно обвинителство беше доставена жалбата изјавена од одбраната против решението за определување мерка притвор за едно осомничено лице во случајот „Труст“. Ве известуваме дека во законскиот рок од 24 часа ќе биде поднесен одговор на жалба – велат од Специјалното јавно обвинителство.

Адвокатот Додевски вчера, во соопштение до јавноста, наведе дека судот незаконски, пред да стане правосилно решението за притвор против осомничениот Кочан, издал наредби за притворање и за издавање потерници, што според него, претставува флагрантно прекршување на принципот на владеење на правото.

Според Додевски, Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 сторил груба незаконитост и без законска основа навел дека жалбата не го задржува извршувањето на решението за определување мерка притвор, тврди Додевски.

„Кога притвор одредува Кривичниот совет и жалба се поднесува до Апелациски суд, законот не предвидува дека жалбата не го задржува извршувањето на решението, туку, напротив, согласно член 442 од ЗКП, жалбата го задржува извршувањето на решението“, се вели во соопштението од канцеларијата на Додевски.

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1, во четвртокот минатата недела, донесе решение со кое на бизнисменот Кочан, кој е еден од тројцата осомничени во случајот „Труст“ на СЈО, му одреди мерка притвор.

Оттогаш Кочан е недостапен за органите на прогонот и против него е распишана и меѓународна потреница преку Интерпол.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Изброени половина од гласовите: Силјановска со двојна предност пред Пендаровски

Водство на претстедателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, покажуваат првичните резултати што ги објави Државната изборна комисија (ДИК). Според извештаите, од обработени 59,61 отсто од гласачките места, таа има...