fbpx

Столтенберг повика да се смират страстите меѓу Турција и Холандија

-

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска ги повика Турција и европските земји членки на Алијансата, да ги смират тензиите поради дипломатската криза што настана меѓу Холандија и Турција.

– Ги повикувам сите сојузници на меѓусебно почитување и на умерен пристап кон решавање на тензиите – рече Столтенберг на прашање за дипломатската криза во односите на Турција со Холандија и со Германија.

Тој истакна дека е важно да постои дијалог и дека земјите членки на НАТО треба да имаат меѓусебно разбирање кога се соочуваат со несогласувања.

– Соработката со Турција е во интерес на Алијансата затоа што заедно се бориме против милитантите на Исламска држава – додаде Столтенберг.

Холандската влада поради „ризик за јавниот ред и безбедност“, во саботата ја повлече дозволата за слетување на авионот на шефот на турската дипломатија, Мевлут Чавушоглу, кој најави дека во Ротердам ќе учествува на митинг за турскиот референдум.

Турските власти остро реагираа на одлуката на Холандија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...