Таг: Специјално јавно обвинителство

таг: Специјално јавно обвинителство

Апелацискиот суд ја уважи жалбата на СЈО: Кривичниот суд да ѝ ги даде на Јанева доказите за „Пуч“

Апелацискиот суд Скопје ја уважил жалбата на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) и донел одлука дека нема никакви правни пречки Кривичниот суд да ѝ достави на специјалната обвинителка Катица Јанева копии од списи и електронски докази за предметот „Пуч“, соопшти денеска кабинетот на Јанева. Со оваа одлука, Апелација го укина решението со кое првостепениот суд го одби барањето на СЈО. „Во решението,...

За Ставрески и за Јанкулоска, Талески е „тежок криминалец“, за Иванов е „чист со тапија“

„Коруптивен до даска!“ Вака актуелниот министер за финансии, Зоран Ставрески, во еден од прислушуваните разговори што лани ги објави СДСМ, со својата пронешна колешка, министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, го окарактеризира договорот на битолскиот градоначалник, Владимир Талески за автобускиот превоз на ученици во градот, за кој Специјалното јавно обвинителство вчера отвори истражна постапка под името „Транспортер“. Разговорот меѓу Ставрески...

ОБСЕ: Истрагите на СЈО и судските процеси мора да продолжат

Претседателот соопшти дека неговите намери се да придонесе за решавање на тековната криза, но, сепак, граѓаните имаат право да видат дека политичка и правна одговорност е понесена, вели шефицата на Мисијата на ОБСЕ во Македонија, Нина Суомалаинен, по повод одлуките на претседателот Ѓорге Иванов да помилува 56 лица за кои се водат кривични постапки. Според Суомалаинен, на судството и на...

Ристовска: Од каде му се на Иванов доверливите податоци и имиња од предистражните постапки

Специјалното јавно обвинителство ја анализира одлуката на претседателот на државата Ѓорге Иванов за аболиција и води истрага која треба да покаже од каде тој располагал со податоците и со имињата на лица за кои се води предистражна постапка, која според законот е тајна, изјави на денешната прес-конференција, обвинителката на СЈО, Ленче Ристовска. - Ние потврдуваме дека претседателот Иванов нас не...

Јанева: За украдените пари нема помилување

Никој не може да го задржи незаконски стекнатиот имот, тој подлежи на конфискација и за него не важи никаква аболиција или помилување, посочи специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, на денешната прес-конференција во обвинителството. - Би сакала да го цитирам член 97, став 3 од Кривичниот законик кој вели: „Одлука за конфискација судот ќе донесе во постапка определена со закон и...

Јанева најави прес-конференција за утре во 13.30 часот

Специјалното јавно обвинителство утре, во 13.30 часот, ќе одржи прес-конференција, соопштија денеска од СЈО. Во дописот од кабинетот на специјалната обвинителка Катица Јанева не е наведено која ќе биде темата на прес-конфренецијата, но извесно е дека ќе стане збор за актуелните случувања во земјава, во кои една од најзасегнатите страни е СЈО. Специјалното јавно обвинителство  прес-конференцијата на својот твитер-профил ја...

Овации и скандирања за поддршка на собирот пред СЈО

Неколку десетици граѓани се собраа денеска во 18 часот пред просториите на Специјалното јавно обвинителство да искажат поддршка за работата на оваа институција. Собирот е реакција на одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да ги аболира сите политичари за кои се водат предистражни, истражни постапки и за кои има правосилна судска одлука. Додека граѓаните даваа поддршка од зградата излегоа специјалните обвинителки Катица...

СЈО: Да ја видиме одлуката на Иванов, па ќе се изјасниме

Специјалното јавно обвинителство чека да ја добие интегрално одлуката на претседателот на државата, Ѓорге Иванов, за аболиција и за амнестија на политичарите против кои се водат правосудни постапки, по што ќе излезат со официјален став, велат за „Мета“ од СЈО. Како што ни рече портпаролката на СЈО, обвинителката Ленче Ристовска, за да не бидат извадени од контекст, во овој момент...

Иванов фрли „бомба“: Ги амнестираше и ги аболираше политичарите против кои се водат постапки

Преседателот на државата, Ѓорге Иванов, денеска донесе одлука за аболиција и за амнестија на сите политичари против кои се водат правосудни постапки. Ова Иванов го соопшти попладнево, во обраќање до граѓаните на Република Македонија. - Со намера да придонесам во решавањето на кризата, свесен за последиците врз државата и граѓаните ако не се преземе нешто да се реши оваа тешка криза,...

Судијата од „Тврдина“ на боледување, не се знае кога пак ќе ја повика Јанкулоска

Судијата на претходна постапка кој треба да одлучи по барањето на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за мерките на претпазливост на четворица од осомничените во случајот „Тврдина“ до вчера бил на боледување, откако во средата минатата недела, му се слоши за време на сослушувањето на Гордана Јанкулоска. Од Основниот суд Скопје 1 за „Мета“, не можеа да потврдат дали судијата денеска...

Ристовска: Не ја коментираме содржината на тефтерот на Грујовски

Во домот на началникот на петтата управа на УБК, Горан Грујовски, навистина е пронајден тефтер, изјави за „Мета“ портпаролката на СЈО, обвинителката Ленче Ристовска, но во интерес на истрагата не сакаше да ја коментира неговата содржина. Неделникот „Фокус“ во новиот број пишува дека при претресот на станот на Грујовски обвинителите на СЈО пронашле тефтер, од чија содржина произлегува дека агенти...

Кривичниот суд денеска одлучува за четворицата осомничени во „Тврдина“

Судија на претходна постапка на Основниот суд Скопје 1 денеска ќе ги сослушува и треба да донесе одлуки за мерките што ги побара Специјалното јавно обвинителство (СЈО) против другите четворица осомничени во случајот „Тврдина“, меѓу кои е и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, потврдија за „Мета“ од судот. Оттаму велат дека ако се земе предвид динамиката по која...

СЈО е подготвено за „Панама пејперс“

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) во моментов води повеќе предистражни постапки за финансиски криминал, а доколку покажат вмешаност на офшор-компании, предмет на истрага ќе бидат и овие финансиски трансакции, велат за „Мета“ од СЈО. Аферата „Панама пејперс“ што од неделата го тресе светот, стана синоним за перење пари и за други финансиски малверзации, а денеска и дел од опозициските партии во земјава...

Левица: Да се откријат имињата на Македонците што имаат офшор-сметки во Панама

Новоформираната политичка партија Левица бара да се откријат имињата на Македонците што се поврзани со аферата „Панама пејперс“. „Иако Јавното обвинителство наводно отвори постапка во врска со овие случувања, јавноста сè уште не знае како противправно биле отворени овие сметки, како ни кое е потеклото на тие милионски суми на средства. Воопшто не сме изненадени што Јавното обвинителство нема намера да го...

СЈО поднесе жалба до Апелацискиот суд за куќниот притвор на Горан Грујовски

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) попладнево соопшти дека ја поднело жалбата до Апелацискиот суд во Скопје против одлуката на Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1, со која мерката притвор на началникот на петтата управа на УБК, Горан Грујовски, првоосомничен во случајот „Тврдина“ е заменета со куќен притвор. „Вложена е жалба против решението на Кривичниот совет со кое е преиначено решението...

Пејковски не се криј, ослободи го Бошкоски, веднаш – порачаа од ОМ на денешниот протест

Членови на партијата Обединиети за Македонија (ОМ), симпатизери, поддржувачи и активисти денеска напладне пред зградата на Министерството за правда, го одржаа најавениот протест на кој побараа ослободување од затвор на претседателот на ОМ и поранешен министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски. Демонстрантите, кои носеа транспаренти на кои пишуваше „Стоп за тортурата, слобода за Љубе Бошкоски, веднаш“, му дадоа рок од...

СЈО денеска ќе поднесе жалба за куќниот притвор на Горан Грујовски

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) денеска ќе поднесе жалба до Апелацискиот суд против вчерашната одлука на Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1, со која мерката притвор на началникот на петтата управа на УБК, Горан Грујовски, првоосомничен во случајот „Тврдина“ е заменета со куќен притвор, потврди за „Мета“ портпаролката на СЈО, обвинителката Ленче Ристовска. Од СЈО сметаат дека доказите што ги...

ОМ денеска во 12 часот повторно на протест за ослободување на Љубе Бошкоски

Партијата Обединети за Македонија (ОМ) за денеска во 12 часот најави протест пред зградата на министерството за правда на кој нејзините членови и симпатизери ќе бараат ослободување од затвор на претседателот на партијата и поранешен министер за внатрешни работи, Љубе Бошкоски. Во најавата за протестот, објавена на фејсбук-страницата на ОМ, партијата ги повикуваат сите граѓани, членови на политички партии...

Кривичен совет: Куќен притвор за Горан Грујовски

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 денеска донел одлука со која го преиначил решението на судијата на претходна постапка и мерката од 30 дена притвор против началникот на петтата управа на УБК, Горан Грујовски, ја заменил со куќен притвор, соопштија попладнево од судот. Кривичниот совет одлуката ја донел, постапувајќи по жалбата на адвокатите на Грујовски, кој е првоосомничен во...

Судот в среда ќе одлучува за мерките против четворицата осомничени во „Тврдина“

Кривичниот суд следната недела ќе одлучува за барањата на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) да им бидат одредени мерки на претпазливост на четворица од осомничените во случајот „Тврдина“, меѓу кои е и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска. Од судот за „Мета“ потврдуваат дека е испратена покана до Специјалното обвинителство да ги образложи пред судија на претходна постапка причините поради...

Македонија и регионот се прегреваат, просечните температури ќе бидат и за три степени повисоки

Топлотните бранови во Северна Македонија, како и во другите држави на Западен Балкан, ќе се зголемат по интензитет, времетраење и фреквенција, веројатно за шест до осум пати годишно. Извештајот...