fbpx

Левица: Да се откријат имињата на Македонците што имаат офшор-сметки во Панама

-

Новоформираната политичка партија Левица бара да се откријат имињата на Македонците што се поврзани со аферата „Панама пејперс“.

„Иако Јавното обвинителство наводно отвори постапка во врска со овие случувања, јавноста сè уште не знае како противправно биле отворени овие сметки, како ни кое е потеклото на тие милионски суми на средства. Воопшто не сме изненадени што Јавното обвинителство нема намера да го расчисти случајот „Швајцарски сметки“, слично како што нема намера да го расчисти и случајот со прислушувањето во Македонија. Немаме ни илузии дека ќе сака да истражи дали има македонски граѓани што се инволвирани во најновата афера со офшор-сметките во Панама. Затоа, сакаме јавно да ги поддржиме и охрабриме новинарите, активно да се вклучат во обелоденување на сокриените пари“, пишува во партиското соопштение.

Левица го повика Специјалното јавно обвинителство да отвори постапка за овие сомнителни случаи поврзани со перење пари од страна на корумпирани македонски политичари.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Граѓански организации со 18 прашања до политичките партии пред парламентарните избори

Девет граѓански организации и независни иницијативи утрово доставија 18 прашања до политичките парртии што ќе учествуваат на парламентарните избори, на кои, како што велат, наместо флоскули и демагогија, очекуваат...