fbpx
Таг: ОфШор

таг: ОфШор

Истражувачки новинари во „Пандора Пејперс“ го разоткрија скриеното богатство на светските моќници

Со вкупно 12 милиони „откопани“ документи, Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари (the International Consortium of Investigative Journalists -ICIJ), заедно со повеќе новинарски организации ја направија досега најголемата објава на документи што го прикажуваат скриеното богатство на светските моќници - политичари, светски водачи и милијардери, јави Би-Би-Си. Скриениот имот на околу 35 сегашни и поранешни лидери, над 100 милијардери и повеќе...

Уште двајца македонски бизнисмени во документите од Панама

Саво Станковиќ и Џон Јоновски се сопственици на фирми регистрирани во Панама, објави истражувачкиот тим на „Нова ТВ“. Саво Станковиќ е сопственик на македонската компанија „Хајтек корпорејшн“, произведувач на микронски печатени плочи, која почна како мал фамилијарен бизнис, а денеска е успешна компанија која оперира на европскиот и на американскиот пазар. Името Саво Станковиќ се појавува во документите од Панама...

Документите од Панама: Орце Камчев е сопственик на офшор-фирма

Јордан (Орце) Камчев е сопственик на фирмата „Десимарг лимитед“, која е основана на Бахамите. Документи од Панама првпат овозможуваат доказ за тоа дека тој е директен сопственик на таква компанија, објави истражувачкиот тим на „Нова ТВ“. Компанијата е основана на 3 јануари 2014 година, од фирмата „Консулко“, а во јули 2015 година веќе е почната ликвидациска постапка за неа. „Тоа е...

Камерон го објави извештајот за исплата на своите даночни обврски кон државата

Британскиот премиер Дејвид Камерон го објави извештајот за исплата на своите даночни обврски кон државата. Станува збор за даночни исплати во периодот меѓу 2009 и 2015 година, од кои имало две исплати од 100.000 фунти, откако Камерон по смртта на татко му наследил 300.000 фунти. Објавувањето на даночните листи на премиерот доаѓаат по обелоденувањето на резултатите од анкетата дека мнозинството Британци...

„Зидојче цајтунг“: Нема да ги објавиме сите документи од Панама

Германскиот весник „Зидојче цајтунг“ кој прв дојде до „Панама пејперс“, денеска соопшти дека нема да ги објави сите досиеја. Весникот најавува дека целиот комплет од 11,5 милиони документи „нема да ѝ биде достапен на јавноста, ниту на правосудните органи. „Зидојче цајтунг“ додава дека властите имаат овластувања да добијат такви документи од осомничените, но дека во најголем дел од случаите не постои...

Левица: Да се откријат имињата на Македонците што имаат офшор-сметки во Панама

Новоформираната политичка партија Левица бара да се откријат имињата на Македонците што се поврзани со аферата „Панама пејперс“. „Иако Јавното обвинителство наводно отвори постапка во врска со овие случувања, јавноста сè уште не знае како противправно биле отворени овие сметки, како ни кое е потеклото на тие милионски суми на средства. Воопшто не сме изненадени што Јавното обвинителство нема намера да го...

Заев за „Н1“: Оставки и преодна влада се неизбежни

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во изјава за телевизијта „Н1“ ја објаснил инволвираноста на премиерот Никола Груевски во купувањето парцели на Водно преку офшор-фирми. - На штета на скопјани, зелени појаси, со менување урбанистички планови, специјално за интересите на Груевски, се претворени во градежни парцели, а како што покажаа разговорите од последната прес-конференција, станува збор за план за објекти, само...

ДИК нема да може сама да се справи со евентуални кибер напади и дезинформации

Кибер напади, дезинформации, логистички пречки - овие ризици се закана за кредибилитетот на изборните процеси, истакна денеска првиот човек на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски. На денешната панел...