сабота, 15 ноември, 2025
Meta.mk

Ознака: Панама пејперс | 30 резултати

Документите од Панама: Орце Камчев е сопственик на офшор-фирма

9 мај 2016

Јордан (Орце) Камчев е сопственик на фирмата „Десимарг лимитед“, која е основана на Бахамите. Документи од Панама првпат овозможуваат доказ за тоа дека тој е директен сопственик на таква компанија, објави истражувачкиот тим на „Нова ТВ“. Компанијата е основана на 3 јануари 2014 година, од фирмата „Консулко“, а во јули 2015 година веќе е почната […]

Панама ќе ги усвои меѓународните стандарди за пријавување данок

15 април 2016

Панама одлучи да усвои меѓународни стандарди за пријавување данок, соопшти денеска генералниот секретар на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), Хозе Анхел Гурија. – Штотуку добивме информација дека пред неколку минути Панама објави дека ќе се приклучи кон заедничките стандарди за пријавување данок – рече Гурија на прес-конференција, за време на паузата од состанокот […]

Камерон: Обвинувањата дека сум вмешан во „Панама пејперс“ се болни и невистинити

11 април 2016

Британскиот премиер, Дејвид Камерон, ги отфрли како „болни и длабоко невистинити“ обвинувањата дека избегнувал да плаќа данок и неговата вмешаност во аферата „Панама пејперс“. Во обраќањето во Долниот дом на британскиот парламент, Камерон изјави дека неговиот татко основал офшор-компанијата на Бахамите поради инвестициски цели и дека не е точно дека сакал да одбегне да плаќа […]

Камерон го објави извештајот за исплата на своите даночни обврски кон државата

10 април 2016

Британскиот премиер Дејвид Камерон го објави извештајот за исплата на своите даночни обврски кон државата. Станува збор за даночни исплати во периодот меѓу 2009 и 2015 година, од кои имало две исплати од 100.000 фунти, откако Камерон по смртта на татко му наследил 300.000 фунти. Објавувањето на даночните листи на премиерот доаѓаат по обелоденувањето на […]

Даночната управа на Србија ќе ги проверува наводите од „Панама пејперс“

8 април 2016

Даночната управа на Србија соопшти дека по повод случајот „Панама пејперс“, изнесените наводи ги проверува во координација со другите државни органи. Мрежата за истражување криминал и корупција објави имиња на 18 лица од Србија, кои основале офшор-компании преку панамската адвокатска агенција „Мосак Фонсекa“ од која протекоа документите.  

Кина чека објаснување од Панама за „Панама пејперс“

8 април 2016

Кинескиот министер за надворешни работи, Ванг Ју, на заедничка прес-конференција со германскиот колега, Франк Валтер Штајмајер, во Пекинг, се задржа и на аферата „Панама пејперс“, во врска со перење пари и со затајување данок, во која се вмешани и кинески владини претставници. – Кина се бори против корупцијата. Како што еден наш претставник рече, таа борба е […]

Панама ветува соработка со ОЕСР за „Панама пејперс“

8 април 2016

Потпретседателката на Панама, Изабел де Сент Мало, соопшти дека Панама ќе ги интензивираат разговорите со Организацијата за економска соработка и развој, за да разменат податоци за даноците по скандалот наречен „Панама пејперс“. Изабел де Сент Мало вели дека ќе се воспостави дијалог на техничко ниво меѓу Панама и Организацијата за економска соработка и развој (ОЕСР) […]

Новиот исландски премиер положи заклетва

7 април 2016

Новиот исландски премиер, Сигурдур Инги Јохансон, денеска положи заклетва на функцијата откако неговиот претходник поднесе оставка поради скандалот со „Панама пејперс“, јавуваат светските агенции. Одлуката Јохансон да биде именуван за премиер ја донесе исландската владејачка коалиција од десниот центар. Јохансон, кој е поранешен министер за риболовство и за земјоделство, ја презеде владата од Сигмундур Гунлаугсон […]

Путин: Нема корупција во „Панама пејперс“

7 април 2016

Во „Панама пејперс“ нема корупција, оцени денеска рускиот претседател Владимир Путин, додавајќи дека тие имале цел да ја натераат Москва на послушност. – Нашите противници, пред сè, се загрижени заради единството и консолидацијата на руската нација, нашиот мултинационален руски народ. Тие се обидуваат да нè протресат однатре, да нè направат попослушни – тврди Путин. Истовремено, Путин рече […]

Богов: Парите во случаи како „Панама пејперс“ најчесто се изнесени на нелегален начин

7 април 2016

Македонските компании имаат можност да имаат сметка и да инвестираат во странство. Физичките лица, во согласност со Законот за девизно работење, немаат право да имаат сметки во странство и доколку во „Панама пејперс“ се појават такви лица, кои имаат само македонско државјанство, ќе треба да се отвори истрага – одговори гувернерот Димитар Богов на новинарско прашање за […]

Панама формира комитет за проверка на транспарентноста

7 април 2016

Панамската влада ќе формира независен комитет од домашни и од меѓународни експерти за да ја провери транспарентноста во финансиската офшор-индустрија во земјата. Претседателот на Панама, Хуан Карлос Варела, настојува да ја зајакне довербата во финансиската индустрија откако 11,5 милиони документи протекоа од панамската адвокатска фирма „Мосак Фонсека“, со кои е откриено офшор-дејствувањето на светската елита […]

Исланд доби нов премиер по аферата „Панама пејперс“

7 април 2016

Исландската владејачка коалиција од десниот центар одлучи за нов премиер да го именува Сигурдур Инги Јохансон, соопштил пратеникот на Прогресивната партија, Хоскулдур Торхалсон. Именувањето следувало откако поранешниот премиер Сигмундур Гунлаугсон ја напушти функцијата по аферата „Панама пејперс“, која откри дека неговата сопруга има фирма поврзана со пропаднатите исландски банки, што предизвика масовни протести.  

Порошенко: Моите бизниси се легални

6 април 2016

Украинскиот претседател Петро Порошенко денеска изјави дека неговите лични финансиски активности преку офшор-компании се целосно транспарентни и легални. Тој за време на престојот во Токио рече дека се подготвуваат реформи што ќе овозможат користење на офшор-компании. Порошенко е еден од актуелните светски лидери што се споменуваат во „Панама пејперс“ во врска со наводните офшор-активности за избегнување плаќање данок. Украинскиот […]

Наумов: Гувернерот Богов не кажува дали имало одлив на средства кон офшор-сметки

6 април 2016

„Во ситуација кога целиот свет е на нозе по објавата на таканаречените „Панама пејперс“, кога премиерот на Исланд поради протечените информации веќе си поднесе оставка, најодговорниот во државата за контрола на одлив и на прилив на средства од странство, гувернерот Димитар Богов, не кажа ниту збор дали во периодот додека ја извршува функцијата имало одлив […]

Франција ја враќа Панама на листата земји кои се даночен рај

5 април 2016

Францускиот министер за финансии, Мишел Сапен, денеска соопшти дека официјален Париз повторно ќе ја стави Панама на списокот држави и територии што не соработуваат по прашања од даночната политика. Одлуката на враќањето на листата доаѓа по објавувањето на „Панама пејперс“, кои открија дека државници и видни бизнисмени затајувале данок и переле пари во Панама. Меѓународниот конзорциум […]

Обама: Избегнувањето плаќање данок е глобален проблем

5 април 2016

Американскиот претседател Барак Обама денеска во Белата куќа изјави дека избегнувањето плаќање данок е глобален проблем. Обама се обрати до јавноста по скандалот што го предизвика објавувањето на „Панама пејперс“, од кои протекоа имиња на компании и на поединци што избегнувале да платат данок преку офшор-компании. Тој ги поздрави чекорите на министерството за финансии кои би требало […]

Руското обвинителство ќе ги проверува податоците од „Панама пејперс“

5 април 2016

Државното обвинителство на Русија ќе ги провери податоците во медиумите за Русите кои имаат офшор-компании и сметки, соопшти денеска рускиот заменик обвинител Александар Куреној. Тој истакна дека главна цел на проверката е да се утврди дали „дејствувањето на граѓаните во споменатите документи е во согласност со руското законодавство, основните меѓународни права и обврските пред меѓународната […]

СЈО е подготвено за „Панама пејперс“

5 април 2016

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) во моментов води повеќе предистражни постапки за финансиски криминал, а доколку покажат вмешаност на офшор-компании, предмет на истрага ќе бидат и овие финансиски трансакции, велат за „Мета“ од СЈО. Аферата „Панама пејперс“ што од неделата го тресе светот, стана синоним за перење пари и за други финансиски малверзации, а денеска и дел […]

Тасева: Да не се прејудицира туку да се провери дали има Македонци поврзани со „Панама пејперс“

5 април 2016

„Не треба да се прејудицира дека доколку Македонци имаат сметки во Панама, тие се поврзани со нелегални пари. Сепак, тоа треба да се провери. Новинарите и истражувачите ќе ги прават достапни информациите етапно и по фази и тогаш треба да се види дали воопшто македонски државјани имаат сметки, какви се тие, дали се лични, компаниски […]

Француската десничарка Марин ле Пен вмешана во аферата „Панама пејперс“

5 април 2016

Соработниците на лидерката на француската крајно десничарска партија Национален фронт, Марин ле Пен, воспоставиле офшшор-систем на релација Хонг Конг – Сингапур – Девствени Острови – Панама, тврди францускиот весник „Монд“, повикувајќи се на новооткриените документи за глобалните финансиски малверзации, т.н. „Панама пејперс“. „Монд“ наведува дека системот што го организирале најблиските соработници на Ла Пен бил користен […]

Страна 1 од 2