Путин: Нема корупција во „Панама пејперс“

Во „Панама пејперс“ нема корупција, оцени денеска рускиот претседател Владимир Путин, додавајќи дека тие имале цел да ја натераат Москва на послушност.

– Нашите противници, пред сè, се загрижени заради единството и консолидацијата на руската нација, нашиот мултинационален руски народ. Тие се обидуваат да нè протресат однатре, да нè направат попослушни – тврди Путин.

Истовремено, Путин рече дека е горд на пријателството со музичарот Сергеј Ролдугин, чие име се споменува во „Панама пејперс“.

– Горд сум што имам таков човек меѓу пријателите. Горд сум на него генерално. Тој ги потроши речиси сите пари што ги заработил за набавка на музички инструменти од странство и ги донел во Русија – рече Путин.