Порошенко: Моите бизниси се легални

-

Украинскиот претседател Петро Порошенко денеска изјави дека неговите лични финансиски активности преку офшор-компании се целосно транспарентни и легални.

Тој за време на престојот во Токио рече дека се подготвуваат реформи што ќе овозможат користење на офшор-компании.

Порошенко е еден од актуелните светски лидери што се споменуваат во „Панама пејперс“ во врска со наводните офшор-активности за избегнување плаќање данок.

Украинскиот претседател на новинарите во Токио им рекол дека ја воспоставил офшор-компанијата за да ги одвои своите бизнис и политички интереси откако станал претседател.

Украинската радикална партија вчера иницира импичмент против Порошенко поради неговата вмешаност во активности во даночниот рај.

Националното биро за борба против корупција одби да покрене истрага за ова прашање, напоменувајќи дека тоа ги надминува неговите надлежности.

Отворен дневен центар „Гнездо“ за деца и семејства во социјален ризик

Граѓанската организација Новинари за човекови права на 15 мај 2025 година го отвори дневниот центар „Гнездо“ за деца и семејства во социјален ризик. Дневниот центар „Гнездо“ е основан со поддршка од...

Деветмина загинаа во руски напад врз цивилен автобус во северна Украина

Девет лица денеска загинаа во напад на рускo беспилотно летало врз минибус со цивили во северниот украински регион Суми, соопшти локалната воена администрација, неколку часа откако Киев и Москва ги одржаа...

Најавена е нова аниме игра „Silver Palace“

Најавена е нова аниме игра од кинеското студио „Gotcha Gotcha Games“ наречена „Silver Palace“ чијшто трејлер стана вирален на платформите Твич и Јутуб. Играта многу потсеќа на Genshin Impact и играта...

Повторното судење за пожарот во модуларната болница: Една и пол година затвор за Бесими и Етеми, Тетовската болница казнета со 1 милион денари

Поранешниот медицински директор на Тетовската болница, Флорин Бесими, и поранешниот економски директор, Артан Етеми, се осудени на 1 година и 6 месеци затвор, а пак Тетовската болница е казнета со парична...

Отворен дневен центар „Гнездо“ за деца и семејства во социјален ризик

Граѓанската организација Новинари за човекови права на 15 мај 2025 година го отвори дневниот центар „Гнездо“ за деца и семејства во социјален ризик. Дневниот центар „Гнездо“ е основан со...