fbpx

СЈО е подготвено за „Панама пејперс“

-

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) во моментов води повеќе предистражни постапки за финансиски криминал, а доколку покажат вмешаност на офшор-компании, предмет на истрага ќе бидат и овие финансиски трансакции, велат за „Мета“ од СЈО.

Аферата „Панама пејперс“ што од неделата го тресе светот, стана синоним за перење пари и за други финансиски малверзации, а денеска и дел од опозициските партии во земјава бараат да се откријат имињата на македонските државјани поврзани со аферата.

Новоформираната партија Левица, меѓу другото, го повика СЈО да отвори постапка за сомнителни случаи поврзани со перење пари од корумпирани македонски политичари.

„Во тек се повеќе предистражни постапки за финансиски криминал и доколку во рамки на истите се покаже инволвираност на офшор-компании, секако, предмет на истражување ќе бидат и таквите финансиски трансакции. Во интерес на предистражните постапки што се во тек, како и со оглед на фактот што предистражната постапка е тајна, во овој момент не сме во можност да соопштиме подетални и поконкретни информации“, стои во одговорот на СЈО на наштите прашања „Дали Специјалното јавно обвинителство води предистражни постапки за случаи на незаконско одлевање на средства на сметки на офшор-компании во странски земји и т.н. даночни раеви, а кои се поврзани со актуелни и поранешни македонски политичари и функционери и нивни блиски?“; „Дали има наводи за вакви случаи кои произлегуваат или се поврзани со материјалите од незаконското прислушување?“.

Повеќе угледни светски весници и медиуми, синхронизирани од Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари од Вашингтон, во неделата објавија стории и соопштија дека имаат милиони документи и 2,6 терабајти информации кои протекле од базата на една од најголемите адвокатски фирми од Панама, „Мосак Фонсека“. Документите откриваат како светските политички моќници и богаташите ги перат парите. Станува збор за најголемото протекување на информации во историјата, поголемо и од „Викиликс“ и случајот со Едвард Сноуден.

Документите покажуваат дека компанијата со децении им помагала на клиентите да ги перат парите и да избегнуваат плаќање даноци.

Документите наречени „Панама пејперс“ ги добил германскиот весник „Зидојче цајтунг“ и ги споделил со Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари од Вашингтон и со други медиуми, вклучувајќи ги „Би-Би-Си“ и „Гардијан“.

Меѓу другите, документите ги инволвираат и рускиот претседател Владимир Путин, украинскиот претседател Петро Порошенко, британскиот премиер Дејвид Камерон, аргентинскиот претседател Маурисиј Макриј, долгогодишниот египетски претседател Хосни Мубарак и сирискиот претседател Башар ал Асад.

Документите покажуваат дека исландскиот премиер Сигмундур Давид Гунлаугсон и сопругата поседувале обврзници вредни милиони долари во офшор-компанија, во време кога земјата поминувала низ финансиска криза.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...