fbpx

Овации и скандирања за поддршка на собирот пред СЈО

-

Неколку десетици граѓани се собраа денеска во 18 часот пред просториите на Специјалното јавно обвинителство да искажат поддршка за работата на оваа институција.

Собирот е реакција на одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да ги аболира сите политичари за кои се водат предистражни, истражни постапки и за кои има правосилна судска одлука.

Додека граѓаните даваа поддршка од зградата излегоа специјалните обвинителки Катица Јанева, Фатиме Фетаи и Ленче Ристовска на кои присутните им ракоплескаа и ги извикуваа нивните имиња.

Граѓаните потоа ќе се упатија нон народната канцеларија на претседателот Иванов во центарот на градот пред која извикуваа „Убијци, убијци“, „Нема правда- нема мир“ и „Мафија во робија“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...