fbpx
Таг: ШарлиЕбдо

таг: ШарлиЕбдо

Преживеаниот карикатурист од „Шарли ебдо“ го напушта неделникот

Еден од неколкуте карикатуристите што го преживеаја нападот на исламистите врз француското списание „Шарли ебдо“, го напушта весникот со образложение дека не може да го издржи притисокот. Реналд Лузиер, познат како Луз, ја објави својата одлука во интервју за дневниот „Либерацион“, кој му помогна на „Шарли ебдо“ повторно да се обајвува по нападот во кој загинаа најголем дел од неговите колеги карикатуристи. -...

„Шарли ебдо“ по нападот има повеќе од 200.000 претплатници

Бранот солидарност кон францускиот сатиричен весник „Шарли ебдо“ по терористичкиот напад во јануари, го зголеми бројот на претплатници за 20 пати, соопшти уредникот Ерик Портхол. - Надминавме 200.000 претплатници – рече Портхол, додавајќи дека вкупниот приход изнесува 14 милиони евра, имајќи предвид дека просечната претплата изнесува 70 евра. Пред нападот, „Шарли ебдо“ имаше само 10.000 претплатници. Магазинот доби и донација од 2,37...

Муслимани протестираат поради објавување карикатури на пророкот Мухамед

Повеќе од 800.000 луѓе присуствувале на протестот во центарот на Грозни за одбрана на муслиманските вредности, на кој присуствуваше и чеченскиот лидер Рамзан Кадиров, соопшти денеска руското министерсво за внатрешни работи. На протестот „Љубов спрема пророкот Мухамед“ се очекувало да се соберат околу еден милион луѓе откако на социјалните мрежи чеченскиот лидер упати повик за масовност. Присутните носеле плакати на кои...

Популарноста на Оланд порасна за 21 отсто

Популарноста на францускиот претседател Франсоа Оланд пораснала за рекордни 21 отсто. Тој претходно важеше за најнепопуларен претседател на Франција. Според податоците што ги објави институтот ИФОП, 40 проценти од анкетираните граѓани го поддржуваат Оланд. На францукиот премиер Мануел Валс популарноста му се зголемила за 17 отсто и сега 61 процент од Французите го поддржуваат, што е повеќе отколку кога беше избран за премиер. Позитивните...

Четириесет отсто од Французите против објавувањето на карикатури на Мухамед

Повеќе од 40 отсто од граѓаните на Франција сметаат дека треба да се избегнува објавувањето карикатури на пророкот Мухамед, а половина од нив се согласуваат со ограничувањето на слободата на говор на интернет, покажало истражувањето на јавното мислење, објавено денеска, а спроведено по терористичките напади во „Шарли ебдо“, пред десетина дена. Во истражувањето на институтот ИФОП, кое го објавил неделникот...

Погребани дел од жртвите од „Шарли ебдо“

Двајцата најпознати карикатуристи на францускиот сатиричен неделник „Шарли ебдо“, кои заедно со уште 10 колеги беа убиени при минатонеделниот напад на џихадистите во Париз, денеска се погребани, еден ден откако е објавен новиот број на весникот кој беше распродаден за десеттина минути. Жорж Волински (80) и Бернар „Тињу“ Верлак (57) се погребани на приватна семејна церемонија на париските гробишта, додека...

Францускиот „Патриот акт“ веќе постои

Додека се множат парламентарните предлози за зајакнување на безбедносните мерки и за давање поголеми овластувања на француските безбедносни служби по масакрот во „Шарли ебдо“, експертите и медиумите во земјата потсетуваат дека лани во ноември Франција донела закон за „воена програмација“, кој овозможува прислушување и следење на комуникациите без судски налог. Овој документ се поистоветува со антитеростичкиот закон на САД, познат...

САД: Снимката на Ал Каеда за нападот на „Шарли ебдо“ е автентична

САД сметаат дека е автентична видеоснимката на Ал Каеда на Арапскиот Полуостров, на која организацијата ја презема одговорноста за нападот на францускиот магазин „Шарли ебдо“, соопшти американскиот Стејт департмент. Портпаролката на Стејт департментот, Мари Харф, изјави дека американските претставници веруваат дека видеоснимката е автентична, но дека се утврдуваат специфичните аспекти на тврдењата на групата кои се изнесуваат во снимката. - Веруваме...

Најновиот број на „Шарли ебдо“ се продава за 100.000 евра

Примероци од новиот, денешен број на парискиот сатиричен магазин „Шарли ебдо“, прв по терористичкиот напад во кој загинаа 12 лица, веќе се продаваат на аукцискиската интернет-страница „Ибеј“, а на некои од понудените аукции, тој достигнува сума и од 100.000 евра! Новиот број, кој на насловната страница го има расплаканиот пророк Мухамед, како држи натпис „И јас сум Шарли“ и слоганот „Сè...

Радио „Исламска држава“: Повторното објавување на карикатурата е крајно глупаво

Радио „Исламска држава“, денеска го оцени како „крајно глупав“ чин тоа што француското сатирично списание „Шарли ебдо“ на својата насловна страница повторно објави карикатира од пророкот Мухамед. - „Шарли ебдо“ повторно објави карикатура на пророкот што е навредливо и е крајно глупав чин - се вели во соопштението на радиото на џихадистичка група, кое се емитува во областите под нивна контрола во Сирија и...

Ал Каеда ја презеде одговорноста за масакрот во Париз

Хероите добија задача и ја извршија, изјави лидерот на Ал Каеда во Јемен, Насер Бен Али ал-Анаси, во видеопорака со која ја презеде одговорноста за нападот врз парискиот сатиричен неделник „Шарли ебдо“. Во видеопораката се наведува дека браќата Саид и Шериф Кауши го извршија нападот врз „Шарли ебдо“ на барање на Ајман ал Завахири, кој побарал одмазда за навредата на...

Новиот број на „Шарли ебдо“ распродаден за 15 минути

Првиот број на сатиричниот магазин „Шарли ебдо“ по минатонеделниот напад на редакцијата, веднаш е распродаден откако се појавил во трафиките во Франција. - Тоа е неверојатно. Имаше 60-70 луѓе кои чекаа ред за да отворам. Никогаш не сум видела нешто слично. Сите мои 450 примероци ги продадов за 15 минути - вели продавачка од трафика во Париз. Најновото издание на „Шарли ебдо“ на насловната...

Новите карикатури на „Шарли ебдо“ ќе поттикнат омраза

Новите карикатури објавени во францускиот сатиричен неделник „Шарли ебдо“ ќе „поттикнат омраза“, предупреди египетскиот универзитет „Ал Азхар“ од Каиро, кој е еден од најстарите и најпрестижна сунитоисламска духовна академија. Според универзитетот, овие карикатури „не служат за мирољубива коегзистенција меѓу луѓето и ја попречуваат интеграцијата на муслиманите во европските и во западните општества“. Најновото издание на „Шарли ебдо“, кое денеска во милионски...

Кој ја објави, а кој не насловната на „Шарли ебдо“

Откако ја објавија насловната страница на првиот број по нападот на сатиричниот магазин „Шарли ебдо“, таа масовно се рашири низ социјалните мрежи, но поголем дел од традиционалните медиуми - не ја објавија. Првиот медиум што ја објави насловната беше францускиот весник „Либерасион“, кој им обезбеди простории на преживеаните новинари и карикатуристи од нападот за да можат да го подготоват изданието на...

Пророкот Мухамед на новата насловна страница на „Шарли ебдо“

На првата насловна страница на францускиот сатиричен неделник „Шарли ебдо“ по нападот, во кој беа убиени 10 новинари и двајца полицјаци, ќе биде објавена карикатура од пророкот Мухамед, на која тој со солзи во очите држи натпис „Јас сум Шарли“ и на која пишува „Сè е простено“. Од новото издание на „Шарли ебдо“ ќе бидат испечатени рекордни три милиони примероци,...

Светот се обедини на маршот во Париз

Милион и половина луѓе се собраа на централните градски улици во Париз за да се приклучат на маршот на солидарноста. Протестната прошетка, наречена „Плачам за слобода“, се одржува во чест на жртвите на неодамнешните терористички напади во Париз, кои почнаа во средата, со масакрот во парискиот сатиричен неделник „Шарли ебдо“. Во нападите загинаа 17 лица, новинари, карикатуристи, полицајци и заложници, кои радикалните...

Македонските новинари со моливи в рака се приклучија на маршот на солидарноста

Со моливи в рака, македонски новинари денеска се собраа во Паркот на новинарите за да им оддадат почит на загинатите колеги во масакрот во парискиот сатиричен неделник „Шарли ебдо“. На македонскиот марш на солидарноста присуствуваше и француската амбасадорка Лоренс Оер. - Денеска сме тука затоа што добивме покана од колегите од Франција да присуствуваме таму на маршот, но сметаме дека и...

Новинари на „Шарли ебдо“ со критики кон присутните на денешниот марш

Во неколку интервјуа за медиуми дадени деновиве, тројца истакнати карикатуристи на „Шарли ебдо“, кои го преживеаја терористичкиот напад врз неделникот во кој погинаа 12 лица, се дистанцираат од денешниот Марш на солидарноста во Париз. На овој марш за слобода на изразување учествуваат голем број контроверзни политичари кои во своите земји се познати по репресија врз новинарите и врз слободните медиуми, како...

Македонија ќе одржи марш во чест на жртвите од „Шарли ебдо“

Самостојниот синдикат на новинари и на медиумски работници денеска организира марш во чест на жртвите на терористичките напади во Париз, што почнаа со масакрот на 12 лица во сатиричниот весник „Шарли ебдо“. Маршот е инициран од апелот на Меѓународната федерација на новинари, Европската федерација на новинари, на француските новинарски синдикати, како и на бројни синдикати на новинари од Европа, во кој...

Светските лидери ќе учествуваат на Маршот на солидарноста во Париз

Повеќе од 40 шефови на држави, влади и нивни високи претставници денеска ќе му се придружат на францускиот претседател Франсоа Оланд на маршот во Париз, кој се организира во чест на 17 жртви на терористичките напади што почнаа со масакрот во сатиричниот весник „Шарли ебдо“. На поканата на францускиот претседател Франсоа Оланд за учество во големиот антитерористички протестен марш, одговорија највисоките претставници...

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Учениците од основните и средните училишта низ државата од понеделник, 29 април па до 6 мај, ќе бидат на пролетен распуст. Покрај пролетниот распуст кој годинава за првпат се воведе...