Четириесет отсто од Французите против објавувањето на карикатури на Мухамед

-

Повеќе од 40 отсто од граѓаните на Франција сметаат дека треба да се избегнува објавувањето карикатури на пророкот Мухамед, а половина од нив се согласуваат со ограничувањето на слободата на говор на интернет, покажало истражувањето на јавното мислење, објавено денеска, а спроведено по терористичките напади во „Шарли ебдо“, пред десетина дена.

Во истражувањето на институтот ИФОП, кое го објавил неделникот „Ле журнал ди диманж“, на прашањето околу тоа дали треба да се објавуваат карикатурите, имајќи предвид дека „некои муслимани се чувствуваат повредени или нападнати со објавувањето карикатури на пророкот Мухамед“, 57 отсто од анкетираните одговориле дека „не треба да се им се обрнува внимание на реакциите и треба да се продолжи со објавувањето такви карикатури“. Наспроти нив, 42 отсто од испитаниците мислат дека рекациите „треба да се земат предвид и да се избегнува објавувањето на карикатурите“.

Педесет отсто од испитаниците се согласуваат со „ограничување на слободата на изразување на интернет и на социјалните мрежи“, наспроти 49 отсто од оние кои се против оваа мерка.

Осумдесет отсто од анкетираните го поддржуваат „одземањето на државјанството на лица со двојно државјанство осудени за терористички активности на француска територија, а 68 отсто од нив се согласуваат со „забрана за враќање во Франција на француски државјани осомничени дека се бореле во земји под контрола на терористички групи“.

Поништена набавката за софтверот што требаше да ги оценува медиумските објави како позитивни, негативни или неутрални

Службата за општи и заеднички работи на Владата ја поништи постапката за набавка на софтвер за оцена на медиумското влијание и за конверзија на говор во текст на македонски јазик „on...

Европскиот суд за човекови права го одобри барањето на ЦРТА за привремена мерка во случајот со звучно оружје

Европскиот суд за човекови права (совет од седум судии) на 29 април 2025 година одлучи делумно да го одобри барањето поднесено од страна на ЦРТА и низа граѓански организации, за воведување...

Музичарот „Моби“ дава 500 песни бесплатно за користење на фановите за креативна употреба

Myзичарот „Моби“ (Moby) познат по неговата електронска музика направи 500 негови песни да бидат бепсплатни за симнување и користење. Ова значи дека песните можат да се симнат, преработуваат и да се...

Љупчо Коцевски денеска оствари средба со Амбасадорот на Република Франција

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски денеска оствари средба со Амбасадорот на Република Франција Кристоф Ле Риголер, со кого разговараше за состојбите во јавното обвинителство и за француската поддршка...

Поништена набавката за софтверот што требаше да ги оценува медиумските објави како позитивни, негативни или неутрални

Службата за општи и заеднички работи на Владата ја поништи постапката за набавка на софтвер за оцена на медиумското влијание и за конверзија на говор во текст на македонски...