fbpx

Најголема смртност на бојните полиња во последните 30 години, покажува ново истражување

Овој пораст на смртните случаи на бојнте полиња во текот на изминатите три години е поттикнат од граѓанската војна во регионот Тигра во Етиопија, руската инвазија на Украина и израелското бомбардирање на Газа

-

Смртните случаи предизвикани од воени конфликти ширум светот во изминатите три години се искачиле на највисоко ниво во последните три децении, покажува новиот  извештај на Институто за мировни истражувања од Осло – ПРИО.

Според извештајот, иако бројот на смртни случаи на бојното поле е намален во споредба со претходните две години, од 2021 година вкупниот број на смртни случаи поврзан со конфликти, вклучително и цивили, се искачи на највисоко ниво во последните 30 години.

Овој пораст на смртните случаи на бојнте полиња во текот на изминатите три години е поттикнат од граѓанската војна во регионот Тигра во Етиопија, руската инвазија на Украина и израелското бомбардирање на Газа, пишува Гардијан.

Иако бројот на жртви од конфликти се намали минатата година, што во извештајот се припишува на прекинот на огнот во Тигре, сепак има 122.000 смртни случаи поврзани со конфликти во 2023 година, со повеќе од 71.000 луѓе убиени во Украина и околу 23.000 убиени во Газа за помалку од три месеци кон крајот на 2023 година.

Истражувањето, исто така, покажува дека обемот на глобални конфликти значително се зголемил, со 59 различни конфликтни зони регистрирани во 34 земји што значи дека неколку држави се справуваат со повеќе конфликти истовремено.

„Насилството во светот е на највисоко ниво. Бројките сугерираат дека пејзажот на конфликти станува сè покомплексен“, вели Сири Аас Рустад, авторка на извештајот и истражувачки професор на ПРИО.

Според Рустад, ова делумно се должи на Исламската држава и другите вооружени исламистички групи кои дејствуваат во неколку земји на Блискиот Исток, Африка и Азија.

„Овој развој им отежнува на хуманитарните групи и граѓанските организации да се справуваат со конфликтите и да ги подобрат животите на обичните луѓе“ додава таа.

Африка останува регион со најголем број државни конфликти, со 28 посебни конфликтни зони. Во извештајот се вели дека бројот на конфликти во Африка е речиси двојно зголемен во изминатата деценија и дека на континентот има повеќе од 330.000 смртни случаи на бојното поле од 2021 година наваму.

ИзворThe Guardian

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Податочните центри во Ирска потрошиле повеќе струја од сите домаќинства заедно

Податочните центри во Ирска потрошиле повеќе струја од сите домаќинства во државата заедно, пренесува Гардијан. Според Државниот завод за статистика на Ирска, податочните центри искористиле 21 отсто од електричната енергија...