fbpx

Новиот број на „Шарли ебдо“ распродаден за 15 минути

-

Првиот број на сатиричниот магазин „Шарли ебдо“ по минатонеделниот напад на редакцијата, веднаш е распродаден откако се појавил во трафиките во Франција.

– Тоа е неверојатно. Имаше 60-70 луѓе кои чекаа ред за да отворам. Никогаш не сум видела нешто слично. Сите мои 450 примероци ги продадов за 15 минути – вели продавачка од трафика во Париз.

Најновото издание на „Шарли ебдо“ на насловната страница го има пророкот Мухамед, кој плаче и држи порака „Јас сум Шарли“, а истовремено е испишано „Сè е простено“.

Весникот е отпечатен во три милиони примероци, а заработувачката ќе биде наменета за семејствата на загинатите.
Вообичаено, весникот досега излегуваше во 60.000 примероци. Новиот број, кој го изработија преживеаните членови на редакцијата, е достапен во 25 земји и на 16 јазици.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Погрешно се тврди дека еден од осомничените за нападот во Москва е чеченскиот милитант Ажиев

Човекот на фотографијата, кој од страна на руските власти беше идентификуван, приведен и изведен пред суд како осомничен за терористичкиот напад во Москва, е Далерџон Мирзоев, државјанин на Таџикистан...