fbpx

Најновиот број на „Шарли ебдо“ се продава за 100.000 евра

-

Примероци од новиот, денешен број на парискиот сатиричен магазин „Шарли ебдо“, прв по терористичкиот напад во кој загинаа 12 лица, веќе се продаваат на аукцискиската интернет-страница „Ибеј“, а на некои од понудените аукции, тој достигнува сума и од 100.000 евра!

Новиот број, кој на насловната страница го има расплаканиот пророк Мухамед, како држи натпис „И јас сум Шарли“ и слоганот „Сè е простено“, беше отпечатен во три милиони примероци, на 16 јазици во 25 земји, а се распродаде за нешто повеќе од 10 минути.

Француските медиуми денеска објавија фотографии од редици пред трафиките, каде граѓаните чекаа да го купат новото издание на весникот.

Една од двете аукции на „Ибеј“, кои достигнаа до 100.000 евра, веќе е отстранета, но за другата сè уште наддаваат околу 20 лица.

Редакцијата на „Шарли ебдо“ денеска соопшти дека за уште два милиона ќе го зголеми тиражот на последното издание на весникот, чија продажна цена изнесува три евра.

Последниот број на весникот, објавен пред терористичкиот напад, минатата недела на „Ибеј“ достигна цена поголема и од 70.000 евра. Ова издание, кое беше отпечатено во 60.000 примероци, веднаш беше распродадено по масакрот.

По завршувањето на аукциите, не значи дека постигнатите суми ќе бидат и исплатени. Дел од нив пропаѓаат затоа што тие што наддаваат не ја спроведуваат трансакцијата до крај, односно не плаќаат.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...