fbpx

Погребани дел од жртвите од „Шарли ебдо“

-

Двајцата најпознати карикатуристи на францускиот сатиричен неделник „Шарли ебдо“, кои заедно со уште 10 колеги беа убиени при минатонеделниот напад на џихадистите во Париз, денеска се погребани, еден ден откако е објавен новиот број на весникот кој беше распродаден за десеттина минути.

Жорж Волински (80) и Бернар „Тињу“ Верлак (57) се погребани на приватна семејна церемонија на париските гробишта, додека нивниот колега Жан Каби (76) е погребан вчера, во областа Шампањ-Арден, а некои од жртвите на нападот ќе бидат погребани утре.

За време на тридневните напади во Франција загинаа 17 лица.

„Шарли ебдо“ вчера го објави своето прво издание по кобниот напад, а на насловната страница прикажа карикатура од пророкот Мухамед со насолзени очи како држи табла со натпис „Јас сум Шарли“, под слоган „Сè е простено“, што предизвика бурни реакции во некои делови од муслиманскиот свет.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Србин измамен во центарот на Скопје, одземени му биле 300 евра

С.А.(63) од Србија вчера во полициска станица пријавил дека бил измамен од две лица од кои бил пресретнат околу 10.30 часот на подрачјето на Центар, информира МВР. Според пријавеното, едното...