fbpx
Таг: ШарлиЕбдо

таг: ШарлиЕбдо

Молотови коктели врз германски весник што објави карикатури на „Шарли ебдо“

Изутринава бил подметнат пожар во германскиот весник „Хамбургер моргенпост“, кој ги објави карикатурите за пророкот Мухамед на францускиот сатиричен магазин „Шарли ебдо“. Како што соопшти полицијата, напаѓачите фрлиле камења и молотови коктели преку прозорецот на редакцијата. Молотовите коктели предизвикале пожар во две простории, но набргу бил изгаснат. Нема повредени лица во нападот.

Ле Пен: Јас не сум Шарли!

Жал ми, но јас не сум Шарли, изјави денеска основачот на француската десничарска партија Национален фронт, Жан Мари ле Пен, реагирајќи на нападот на сатиричниот неделник „Шарли ебдо“, во кој беа убиени 12 лица, вклучувајќи и осум новинари. - Денес сите говорат „Јас сум Шарли“ и „Сите ние сме Шарли“. Жал ми е, но јас не сум Шарли - рече Ле Пен...

Ал Каеда се закани со нови напади во Франција

Јеменскиот разгранок на Ал Каеда ќе продолжи со нападите врз Франција, се закани шеик Харит ел Надари, верскиот лидер на Ал Каеда на Арапскиот Полуостров (АКАП). „Никогаш нема да бидете безбедни сè додека се борите против Алах, неговиот пророк и неговите верници“, стои во пораката, во која се поздравуваат нападите во Париз и се опишуваат напаѓачите како „херои муџахедини“. Истовремено, АКАП во...

Заложничките драми низ Париз го шокираа светот

Неколку сериозни заложнички драми што се одвиваат денеска во и околу Париз, ги шокираа Франција и целиот свет. Едната со двајцата браќа Коуши по кои се трага по масакрот во магазинот „Шарли ебдо“, а другата во супермаркет за кошер-храна. Не е докрај јасно дали и како двата настани се поврзани, но тие само го потврдуваат неколкудневниот кошмар што Франција го доживува во...

ИД презема одговорност за нападот на „Шарли ебдо“

Абу Сад ал-Ансари, еден од лидерите на Исламска држава (ИД), рекол дека оваа исламска организација стои зад нападот на весникот „Шарли ебдо“ во кој беа убиени 12 лица, пренесува „Дојче пресе агентур“ (ДПА). - Почнавме операција во Франција за која преземаме одговорност. Утре тоа ќе биде Британија, Америка и други земји - рекол Абу Сад ал-Ансари за време на молитвата...

Двајца убиени и 20 ранети во Дамартин

Неофицијално, две лица се убиени, а најмалку 20 се ранети во нападот на печатницата во која влегоа двајцата браќа што се осомничени дека во средата го извршија нападот на „Шарли ебдо“. Полицијата ја опколи печатница и се обидува да ги натера осомничените да се предадат. Таа преговара со терористите бидејќи  држат неколку лица во заложништво. Драматичната потера се одвива на 30 километри северно...

Муслиманите во Франција стравуваат од исламофобична реакција

По неколкуте гранати и пукања кон објекти на исламската заедница во Франција, кои уследија по убиствениот напад на сатиричниот магазин „Шарли ебдо“, расте стравот меѓу муслиманите во земјата од исламофобична реакција во која вината за нападот ќе биде префрлена на целата заедница, а не само на одговорните за масакрот, пишува „Гардијан“. Вчера, делегација од околу 20 имами од француската муслиманска федерација...

Во тек е потера по осомничените за масакрот во „Шарли ебдо“ (директно)

Истрели од огнено оружје се регистрирани во близина на парискиот аеродром „Шарл де Гол“ за време на автомобилската полициска потера по двајцата осомничени за масакрот во сатиричниот неделник „Шарли ебдо“. Како што јавуваат француските медиуми, осомничените, наводно, успеале да заземат печатница, во која има повеќе луѓе. Полициските извори потврдуваат дека осомничените браќата Шериф и Саид Куаши имаат заложници, но француското...

ИВЗ го осуди терористичкиот напад во Париз

Исламската верска заедница денеска испрати реакција во која категорично се вели дека насилството не е дел од исламот, алудирајќи на терористичкиот напад во редакцијата на францускиот сатиричен магазин „Шарли ебдо“, каде десет новинари и двајца полицајци ги загубија животите. „Со длабока огорченост ја добивме веста за терористичкиот напад во Париз, Франција. Тајните ги знае само севишниот Алах, но како што...

ЗНМ и МАН: Кукавички напад врз слободата на изразување

Здружението на новинари на Македонија и Македонската асоцијација на новинари изразуваат сочувство до семејствата на новинарите кои вчера во Париз загинаа во терористичкиот напад на неделникот „Шарли ебдо“. „Во овие тажни моменти, изразуваме сочувство на семејствата на настраданите и се солидаризираме со целиот француски народ. Овој кукавички чин не е само напад врз слободата на медиумите, туку е напад и...

„Шарли ебдо“ ќе излезе в среда во милионски тираж

Следното издание на сатиричниот магазин „Шарли ебдо“, во кој вчера беа убиени 12 лица, ќе излезе следната среда во милион примероци, наместо во 60.000 како што излегуваше досега, соопшти Патрик Пелу, познат француски доктор и член на редакцијата. - Ќе продолжиме. Одлучивме да го издадеме новиот број следната седмица. Сите се согласивме со тоа. Немаме право да се откажаме - нагласи Пелу,...

Италија и Шпанија ги зголемуваат безбедносните мерки

Италија и Шпанија вчеравечер го зголемија нивото на безбедност по масакрот во францускиот сатиричен неделник „Шарли ебдо“, во кој загинаа 12 лица. Министерот за внатрешни работи на Италија, Анџелино Алфано, соопшти дека немаат конкретни закани и истакна оти Исламската држава го смета Рим за седиште на христијанството, поради што превентивно се зголемени безбедносните мерки. Поглаварот на Римокатоличката црква го осуди нападот, истакнувајќи дека насилството...

Омаж за загинатите во француската амбасада

Во Амбасадата на Република Франција во Скопје, денеска се одржа омаж за загинатите во терористичкиот напад на неделникот „Шарли ебдо“ во Париз. Амбасадорката Лоренс Оер истакна дека денеска е ден на нацонална жалост во Франција и во дипломатските и конзуларни претставништва на нивната држава. Таа вчерашниот напад го оцени како кукавички напад и подмолен чин, во кој животот го...

Светските карикатуристи реагираа на нападот врз „Шарли ебдо“

Карикатуристи од сите страни на светот, згрозени од вчерашниот масакр во францускиот сатиричен магазин „Шарли ебдо“, ги затрупаа социјалните мрежи со цртежи во знак на поддршка на убиените новинари и карикатуристи.

Насловни страници на „Шарли ебдо“ кои го разбрануваа светот

Новинарите и карикатуристите на францускиот сатиричен магазин „Шарли ебдо“ платија со своите животи за тоа што немаа влакна на јазикот, но зад себе оставија десеттина насловни страници на кои без пардон го критикуваа целиот свет. Некој, можеби, би рекол дека особено целеле кон исламот, но тоа е далеку од вистината. Всушност, Исус неколкупати беше „ѕвезда“ на нивните насловни страници, како и...

Нова престрелка во Париз, повредени двајца полицајци

Двајца полицајци утринава се застрелани во Париз откако вооружен маж во Порт де Шатион отвори оган, обидувајќи да побегне кон метро-станицата. Како што јавуваат француските медиуми, инцидентот се случил околу осум часот утрото, во близина на метро-станицата. Засега не се знае дали престрелката е поврзана со вчерашниот масакр на 12 лица во сатиричниот магазин „Шарли ебдо“, кој го извршија исламски екстремисти. Според првичните...