fbpx

Насловни страници на „Шарли ебдо“ кои го разбрануваа светот

-

Новинарите и карикатуристите на францускиот сатиричен магазин „Шарли ебдо“ платија со своите животи за тоа што немаа влакна на јазикот, но зад себе оставија десеттина насловни страници на кои без пардон го критикуваа целиот свет. Некој, можеби, би рекол дека особено целеле кон исламот, но тоа е далеку од вистината. Всушност, Исус неколкупати беше „ѕвезда“ на нивните насловни страници, како и поглаварот на римокатоличката црква, па дури и Британците.
Ова се 12 насловни страници на „Шарли ебдо“ за кои зборуваше целиот свет.

1. Мухамед „уредник“1

Мухамед како гостин „уредник“со насмевка им порачува на читателите: „100 удари со камшик на секој што не умира од смеа“. На задната страница, исто така, беше објавена слика од Мухамед со црвен нос со следните зборови: „Да, исламот е компатибилен со хуморот“.

Непознати лица фрлија бомба и целосно ги уништија просториите на францускиот сатиричен магазин, еден ден откако редакцијата ја најави насловната страница.

2. Советот на папата2

Во екот на секс-скандалот што ја тресеше католичката црква, „Шарли ебдо“ во 2010 година објави насловна страница на која папата го советува епископот обвинет за педофилија: „Сврти се кон филмовите, како Полански“.

За време на истрагата, беше откриено дека црковните поглавари во Даблин со децении ги штителе од законот свештениците кои сексуално малтретирале деца, додека нивните колеги замижувале пред тоа што се случувало.

3. Вел и за „Шарли eбдо“3

Евреин, папа и исламски фундаменталист заедно објавија „Шарли ебдо мора да биде под вел“, насловна страница од 2007 година. Пораката е јасна.

4. Острото перо на „Шарли ебдо“ не ги заобиколи и Британците4

Насловната страница од 2007 година осамна со следните зборови: „Кој воопшто ги сака Британците во Европа?“

5. Светиот дух5

Контроверзна насловна страница, која ја критикува римокатоличката црква за нејзиниот став за истополовите бракови. „Отецот, синот и светиот дух“, насловна страница од 2013 година.

6. Бакнеж6

„Љубовта е посилна од омразата“, насловна страница од 2011 година. На неа е прикажан карикатурист на „Шарли ебдо“ како се бакнува со маж кој носи муслиманска облека.

7. Вистинатa за раѓањето на Исус7

Насловна страница која уште еднаш на сатиричен начин го прикажува христијанството.

8. Бин Ладен како Елвис8

„Бин Ладен е жив“, стои на насловната страница од мај 2011 година.

9. Насловна страница по терористичките напади во Њујорк9
„Без рака“, вели Осама бин Ладен на насловната страница која осамна по нападите на кулите-близначки на 11 септември 2001 година.

10. Кој сè уште се плаши од Исус11 (2)

„Исламофобија: Дали треба да се плашиме од малиот Исус“. Насловната страница од 2010 година е објавена во екот на бурните реакции на јавноста за францускиот закон со кој се забрануваат религиозните симболи во училиштата, како што е велот.

11.„Недопирливи 2“11

Една од насловните страници кои предизвика најмногу бука, не само во Франција, туку и во светот. На неа е прикажан Мухамед во инвалидска количка како го турка ортодоксен Евреин. Насловната страница беше алузија на филмот „Недопирливи“, каде момче со потемен тен и од пониските слоеви води сметка за болен аристократ. На насловната на сатиричниот магази, Мухамед вели: „Не смеете да се потсмевате“. Магазинот го исмеваше филмот „Невиност на муслиманите“, кој во тоа време предизвика остри реакции и протести во светот.

12. Првиот Мухамед на насловна страница12

Мухамед клекнува под товарот на верскиот фундаментализам. „Тешко е кога те сакаат будалите“, вели пророкот на насловната страница. Поради карикатурава, група муслимански здруженија го тужеа магазинот, но „Шарли ебдо“ доби на суд. Авторот на карикатурата е мртов.

Сите овие насловни страници ги работеа тројца автори: Луз, кој за среќа го преживеа нападот, Шарб и Кабу, кои, за жал, загинаа.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ако се знаеле грешките, тие требало да бидат исправени до изборите

Изјавата на потпретседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, иако искрена и можеби вистинита за тоа каде се лоцирани грешките во СДСМ за лошиот резултат, сепак е недоследна. И од аспект...