fbpx

Нова демократија „украде“ пратеничка од ПАСОК

-

Коалициските врски меѓу Нова демократија и ПАСОК почнуваат полека да се раскинуваат. Десничарската партија на Андонис Самарас успеа да „украде“ пратеничка од социјалистите на Евангелос Венизелос. Анџела Гереку, досегашна пратеничка од ПАСОК и заменик-министерка за култура, на изборите на 25 јануари ќе се најде на пратеничките листи на Нова демократија. Одлуката на Гереку да ги смени партиските бои ја разгневи партијата на Венизелос, која пред неколку дена претрпе голем удар со заминувањето на Јоргос Папандреу.

– Не очекував дека Нова демократија ќе учествува во толку неетичко и бесчувствително политичко дело. Штета – се вели во реакцијата на Венизелос до Самарас.

Партијата на Самарас, според шпекулациите во медиумите, преговара и со други пратеници од левичарските крила.

Преземањето пратеници од други партии и обидот за освојување на независните пратеници, преминувањето на десничари кај левичари и обратно се само дел од актуелните феномени на предизборната кампања за грчките предвремени избори. Поранешни ултрадесничари од Независни Грци преговараат со СИРИЗА, Нова демократија преговара со левичари … Сите граници на политичките идеологии се прекршени за да се соберат што повеќе гласови и поголема народна поддршка.

СИРИЗА, која постигна договор и ќе настапува заедно со партијата на Зелените, и натаму убедливо води во рејтинзите. Според анкета на телевизијата „Мега“, СИРИЗА има поддршка од 28,5 отсто, а Нова демократија 25,3 отсто.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...