fbpx
Таг: САД

таг: САД

Стејт департмент: Владата не го почитува владеењето на правото, независноста на медиумите и се меша во судството

„Во Македонија, најголем дел од проблемите со човековите права произлегуваат од значитечните нивоа на корупција и од неуспехот на Владата целосно да го почитува владеењето на правото, ограничувањето на слободата на медиумите, мешањето во судството и селективните истраги“, се наведува во редовниот годишен извештај на Стејт департментот на Соединетите Американски Држави (САД), за состојбата со човековите права во светот. Мешањето...

Амбасадата на САД го развиори и знамето-виножито

Покрај американското, на зградата на Амбасадата на САД во Скопје истакнато е и знамето на виножитото. На твитер-профилот на амбасадата пишува дека се придружуваат на одбележувањето на Неделата на гордоста во Македонија. „Го развеавме знамето-виножито за да ја одбележиме Неделата на гордоста во Македонија“, пишува на твитер-профилот на американската амбасада во Скопје. We are flying the rainbow flag to commemorate Skopje Pride Week....

„Либерасион“: САД прислушувале француски претседатели

Американската Национална безбедносна агенција ги шпионирала француските претседатели Жак Ширак, Никола Саркози и Франсоа Оланд во периодот од 2006 до 2012 година, односно еден месец откако Оланд ја презеде функцијата од Саркози, пишува францускиот весник „Либерасион“. Покрај претседателите, прислушувани биле и министри и францускиот амбасадор во САД. Прислушуваните разговори, меѓу другото, се однесувале на грчката должничка криза и на односите со...

Обама: Не сме излекувани од расизмот

САД не ја совладале својата историја на расизам, изјави американскиот претседател Барак Обама во интервју во популарната радиоемисија на интернет на комичарот Марк Марон. Интервјуто е емитувано по апсењето на белото момче за расистичкото убиство на девет црнци во црквата во Чарлстон, во државата Јужна Каролина. - Не сме излекувани од расизмот. Не станува збор само за тоа дека не е...

Женски лик за првпат на доларска банкнота

Женски лик ќе ја краси новата верзија на банкнотата од 10 американски долари. - Преку американската валута нашата нација покажува кои сме и за што се залагаме. Нашите банкноти со слики на големите американски лидери и со симболи веќе долго време се начин на кој ние изразуваме почит кон нашето минато и ги изразуваме нашите вредности. Само неколкупати досега сме...

Доналд Трамп ќе се кандидира за претседател на САД

Американскиот милијардер Доналд Трамп најави дека во рамки на Републиканската партија ќе се кандидира за претседател на САД на изборите што треба да се одржат идната година. - Со големо задоволство, ве информирам дека ќе се кандидирам за претседател на САД. Заедно можеме да направиме оваа земја повторно да биде голема - изјави 69-годишниот Трамп на приемот во својата кула на Менхетен во...

Водени мушички предизвикаа хаос во Пенсилванија

Густ рој водени мушички предизвика хаос на сообраќајница и затворање на еден од главните мостови во американската држава Пенсилванија. Големиот број инсекти ја намалиле видливоста, па поради тоа било неопходно мостот на реката Сускехана, во округот Ланкастер, да биде затворен бидејќи било особено лизгаво. Мостот бил затворен доцна во саботата, а отворен е рано во недела, истакна полицијата. - Беше вистинска меќава сред јуни,...

САД дневно трошат по девет милиони долари за борбата против ИД

САД трошат повеќе од девет милиони долари на ден во борбата против Исламска држава, додека за бомбардирањето од почетокот на акцијата потрошиле 2,7 милијарди долари. Меѓународната коалиција од минатиот август спроведува воздушни напади во Ирак и во Сирија. Од извештајот за американските трошоци, кој го објави Пентагон, се гледа дека две третини од трошоците отишле на воздушните напади, јавува „Би-Би-Си“.

Русија ги обвини САД дека поттикнуваат насилство во Украина

Русија ги обвини САД дека го присилуваат Киев да продолжи со судирите на истокот на Украина. Во денешното соопштение од Министерството за надворешни работи се вели дека „Русија не изведува никаква невообичаена воена активност“. Москва, исто така, го повикува Вашингтон во целост да ја примени спогодбата за отстранување на ракетите со среден и со краток дострел. Соопштението е издадено откако американскиот Стејт департмент...

Обама: САД и Германија го имаат најсилниот сојуз

Партнерството на САД и на Германија е еден од најсилните сојузи што светот досега ги видел, изјави денеска претседателот на САД, Барак Обама, во германскиот град Крин, каде пристигна на Самитот на лидерите на Групата седум индустриски најразвиени земји, Г7. Обама во Крин се појави со германската канцеларка Ангела Меркел, со која е поблизок отколку со повеќето шефови на државите,...

Путин: Европа не треба да се плаши од Русија

Идејата дека еден ден Русија би можела да ја нападне НАТО е бесмислена и нема никаква основа, изјави рускиот претседател Владимир Путин во интервјуто за италијанскиот весник „Кориере дела сера“. Тој вели дека Европа не треба да стравува од Русија и додаде оти „можеби некој има интерес да поттикнува такви стравови кај европските граѓани“. - Можеби САД сакаат да го спречат приближување...

Обама го потпиша законот за ограничување на прислушувањето

Американскиот конгрес ја усвои реформата на законот за надзор со кој се ограничуваат овластувањата на Националната безбедносна агенција (НСА), посебно на програмата за прислушување телефонски разговори, која е воведена по терористичките напади во Њујорк на 11 септември 2001 година. Претседателот Барак Обама веднаш по усвојувањето на законот во парламентот, доцна синоќа го потпиша законот познат како „Фридом акт“. За ограничувањето на...

Грција во трка со времето

Европската Унија и САД праќаат нови пораки и апел до Грција да се забрзаат преговорите и да се дојде до конечен договор. На синоќешната средба на силната европска тројка, германската канцеларка Ангела Меркел, францускиот претседател Франсоа Оланд и претседателот на Комисијата, Жан Клод Јункер, според светските медиуми, присуствувале и претседателката на Меѓународниот монетарен фонд, Кристин Лагард, и првиот човек...

Небраска ја укина смртната казна

Американската држава Небраска ја укина смртната казна откако конзервативците го поддржаа овој предлог. Традиционално конзервативната Небраска со ова се приклучи кон групата од 18 држави и федералната област Вашингтон. Небраска е првата традиционално конзервативна држава која ова го направила во последните четири децении. Во оваа држава не е извршена смртна казна од 1997 година. Мерката ја поддржаа 30 пратеници, додека 19 беа...

Путин ги обвини САД за мешање во работата на ФИФА

Рускиот претседател Владимир Путин ги обвини САД за мешање во работите на ФИФА и оти се обидуваат да го спречат реизборот на Сеп Блатер за петти претседателски мандат на чело на светската фудбалска федерација. Путин синоќа, на националната руска телевизија, рече дека апсењето на седум челници на ФИФА во Цирих врз основа на обвиненија од САД е „јасен обид да се...

Америка со поголем број воени бродови на Пацификот

САД имаат намера голем дел од поморските сили да ги префрлат на Пацификот, за до 2020 година да имаат повеќе од 300 воени бродови. Главниот секретар на американската морнарица, Реј Мебус, наведува дека морнарицата во 2011 година имала вкупно 316 бродови, но тој број до 2008 година се намалил на 278. - Градиме флота и ќе бидеме готови до крајот на деценијата, а...

Воздушна поддршка од САД и од Турција за бунтовниците во Сирија

Турција и САД постигнале договор за нудење воздушна заштита на сириските бунтовници, кои ќе бидат обучени и опремени за борба против Исламска држава, изјави министерот за одбрана на Турција, Мевлут Чавушоглу. Тој не наведе детали како ќе се изведе заштитата од воздух. Американски официјални лица претходно изјавија дека целта е во наредните три години, годишно да се обучат по 5.000...

Уапсени двајца регрути на ИД во САД

Американското Федерално биро за истрага (ФБИ) уапси двајца мажи од југот на Калифорнија, под сомневање дека се обиделе да отпатуваат и да ѝ се придружат на Исламска држава, јавува мрежата „Ен-Би-Си“. Неименувани безбедносни извори рекоа дека двајцата мажи не биле вооружени и оти не претставувале опасност за граѓаните. - Уапсените во текот на денот ќе бидат изнесени пред судот во Санта...

ОН: Од Рамади побегнале 25.000 лица

Околу 25.000 лица побегнале од ирачкиот град Рамади откако го нападнаа милитантите на Исламска држава, а повеќето тргнале кон главниот град Багдад, соопштија од Обединетите нации. Средствата за помош на луѓето што избегале од Рамади исчезнуваат, а резерви речиси и да нема, наведе канцеларијата на ОН за координација на хуманитарната помош во Ирак. Претходно, портпаролот на Белата куќа, Ерик Шулц, изјави дека падот...

Кери: САД ќе ја гарантираат безбедноста на Корејскиот Полуостров

Американскиот државен секретар, Џон Кери, денеска ја обвини Северна Кореја за непочитување на меѓународното право и му вети на јужниот сосед дека САД ќе сторат сè за безбедноста на Корејскиот Полуостров. Кери, кој е во посета на Јужна Кореја, го обвини Пјонгјанг дека продолжува со нуклеарни и со ракетни активности, како и со репресија врз своите жители. - Неопходно е да...

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...