fbpx

Путин: Европа не треба да се плаши од Русија

-

Идејата дека еден ден Русија би можела да ја нападне НАТО е бесмислена и нема никаква основа, изјави рускиот претседател Владимир Путин во интервјуто за италијанскиот весник „Кориере дела сера“.

Тој вели дека Европа не треба да стравува од Русија и додаде оти „можеби некој има интерес да поттикнува такви стравови кај европските граѓани“.

– Можеби САД сакаат да го спречат приближување на Европа и на Русија. Сакам да ви кажам дека не треба да се плашите од Русија – рече Путин.

Рускиот претседател истакна дека официјална Москва ги затворила сите свои бази во странство, освен оние во Таџикистан и во Киргистан, кои за Русија се важни на антитерористички план. Што се однесува до воената база во Ерменија, според Путин, таму руското воено присуство има стабилизирачка улога и не е насочено против никого.

Првиот човек на Русија истакна дека земјата не се однесува агресивно и не се движи кон никаде, за разлика од Алијансата, која се доближува до руската граница.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...