fbpx
Таг: САД

таг: САД

ОН: Од Рамади побегнале 25.000 лица

Околу 25.000 лица побегнале од ирачкиот град Рамади откако го нападнаа милитантите на Исламска држава, а повеќето тргнале кон главниот град Багдад, соопштија од Обединетите нации. Средствата за помош на луѓето што избегале од Рамади исчезнуваат, а резерви речиси и да нема, наведе канцеларијата на ОН за координација на хуманитарната помош во Ирак. Претходно, портпаролот на Белата куќа, Ерик Шулц, изјави дека падот...

Кери: САД ќе ја гарантираат безбедноста на Корејскиот Полуостров

Американскиот државен секретар, Џон Кери, денеска ја обвини Северна Кореја за непочитување на меѓународното право и му вети на јужниот сосед дека САД ќе сторат сè за безбедноста на Корејскиот Полуостров. Кери, кој е во посета на Јужна Кореја, го обвини Пјонгјанг дека продолжува со нуклеарни и со ракетни активности, како и со репресија врз своите жители. - Неопходно е да...

САД и Куба почнуваат преговори за отворање амбасади

Американскиот Стејт департмент соопшти дека преговарачите на САД и на Куба ќе се сретнат следниот четврток да разговараат за повторно отворање амбасади во главните градови на двете земји. Како што јавува „Би-Би-Си“, преговорите ќе се фокусираат на практичните мерки што се неопходни за повторно да се отворат амбасадите. Иако односите меѓу Куба и САД се значително подобрени, тоа не значи дека се решени...

Пет лица загинаа во железничка несреќа во САД

Патнички воз со повеќе од 200 патници излета синоќа од шините северно од Филаделфија. Загинаа најмалку пет лица, а повредени се повеќе од 50, од кои некои се во критична состојба. Засега нема информации за тоа што би можело да биде причината за излетувањето на возот на компанијата „Амтрак“ во северното предградие Порт Ричмонд, долж реката Делавер. „Си-Ен-Ен“, повикувајќи се извори од...

Амбасадата на САД повикува на зачувување на мирот

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Скопје апелира на зачувување на мирот и изрази сочувство за загинатите и за повредените во полициската акција во Куманово. „Длабоко жалиме за загубата на животот на луѓето во полициската акција во Куманово и го изразуваме нашето сочувство до семејствата на полицајците и на цивилите кои се убиени и ранети. Ние ја следиме ситуацијата и сме во...

САД нудат 20 милиони долари за информации за лидерите на ИД

Администрацијата на американскиот претседател Барак Обама понуди награда од најмалку 20 милиони долари за информација што би ги довела до четворицата лидери на милитантната Исламска држава. Стејт департментот низ програмата „Награда за правда“ понуди седум милиони долари за информација за Абд ал-Рахман Мустафи ал-Кадули и по пет милиони за Абу Мохамед ал-Аднани и за Таркана Тајумуразовиц Батирашвили. Три милиони долари се нудат...

Уште двајца кандидати за републиканска номинација за изборите во САД

Двајцата кандидати, Карли Фиорина и Бен Карсон, кои имаат мали шанси да учествуваат во завршницата на американските претседателски избори во 2016 година, ја објавија својата кандидатура за номинација на Републиканската партија. Поранешната директорка на компанијата „Хјулит-Пакард“, Фиорина, е единствената жена што побарала републиканска номинација, додека неврохирургот Карсон најверојатно ќе биде единствениот кандидат Афроамериканец помеѓу републиканците. На овие двајца кандидати не им се...

ИД ја презеде одговорноста за нападот во Далас

Екстремистичката организација Исламска држава ја презеде одговорноста за пукањето на изложбата на карикатури на пророкот Мухамед во Далас, организирана од антиисламистичко здружение. ИД одговорноста за нападот ја презеде преку социјалната мрежа „Твитер“, јавува „Сајт интелеџенс груп“. Џихадистот, познат како Аби Хусеин ал-Британи, за кој се тврди дека е Британецот Џунаид Хусеин, објави дека „двајца браќа пукале“ на посетителите на изложбата во...

Протести во најголемите градови на источниот брег на САД

Повеќе илјади лица учествуваа во демонстрациите одржани во најголемите градови на источниот брег на САД, барајќи полицијата да има еднаков третман кон сите. Протестите почнаа откако 25-годишниот Фреди Греј почина од повредени добиени во полициски притвор во Балтимор. Најголем број демонстранти се забележани во Балтимор, каде е блокиран сообраќајот во централниот дел на градот. Повеќе илјади лица демонстрираа во знак на...

Њујорк ќе ги исклучи светлата за птиците преселници

Сојузната американска држава Њујорк ќе ги исклучи светлата на државните згради за да им помогне на птиците да ги пронајдат своите миграциски рути наесен и напролет, јавува „Би-Би-Си“. Се верува дека птиците преселници ги користат ѕвездите за ориентација, но дека светилките ги збунуваат, поради што се залетуваат во згради. Се проценува дека годишно страдаат до милијарда птици поради појавата позната како...

Ким Јонг-ун им се закани на САД: Ќе ве гаѓаме со нуклерно оружје

Северна Кореја денеска се закани дека ќе ги гаѓа САД со своето нуклеарно оружје за да ги запре „сè поголемите нуклеарни закани“ што доаѓаат од Вашингтон. - Севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун е одлучен да ги порази САД на нивно тло – пишува севернокорејскиот весник „Родонг шинмун“. Новата севернокорејска закана е објавена по извештајот дека Пјонгјанг работи на унапредување на своите нуклеарни способности. Северна Кореја...

Нови протести и нови апсења во Балтимор

Триесет и четири лица се уапсени за време на вчерашните протести во Балтимор, кои избија поради смртта на еден млад Афроамериканец. За време на демонстрациите, шест полицајци се повредени. Претставникот на полицијата, Џереми Силберт, соопшти дека мал дел од учесниците на вчерашниот протест предизвикале насилство во центарот и во западниот дел од градот, но оти демонстрациите биле претежно мирни во текот...

Во САД уапсени шестмина кои сакале да се приклучат на ИД

Американските власти привеле шестмина луѓе од Минесота, кои се осомничени дека имале намера да патуваат во Сирија и да се приклучат на екстермистичката група Исламска држава. Обвинителството на Минесота соопшти дека шетмината мажи кои меѓусебно се познавале, биле надгледувани во последните десет месеци, а потоа и уапсени, четворица во Минесота и двајца во Сан Диего. Тие се обвинети дека имале намера...

Справувањето со тероризмот и надворешната политка на агендата на Коѕиас и на Кери

Односите со Русија, грчкото справување со терористите како Савас Ксирос и отворените прашања од грчката надворешна политика, ќе се најдат на агендата на вечерашната средба на грчкиот шеф на дипломатијата, Никос Коѕиас, и на американскиот државен секретар, Џон Кери, во Вашингтон. Справувањето со тероризмот сосема ненадејно се искачи на врвот на агендата, откако Стејт департментот издаде соопштение со кое изразува...

Средба Заев – Ји: Разговор околу можните решенија за излез од кризата

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, придружуван од заменик-претседателката на партијата, Радмила Шекеринска, и од генералниот секретар Оливер Спасовски, денеска се сретна со висока делегација од САД, предводена од Хојт Брајан Ји, заменик-помошник на државниот секретар на американскиот Стејт департмент. На средбата се разменија мислења за тешката ситуација во која се наоѓа Македонија и последиците врз евроатланските интеграции на земјава, а...

Вајоминг: Повеќе од 20 повредени во верижен судир на 70 возила

Дваесет и две лица се повредени при судир на 70 возила во сојузната американска држава Вајоминг. Како што јавуваат американските медиуми, ниту едно лице од повредените не е во животна опасност. Причина за несреќата била силна снежна бура.

Хојт Ји: Власта да се посвети и на прислушувањето и на содржината на разговорите

Еднакво сериозно власта да се посвети на содржината на прислушуваните разговори, колку што ги зема сериозно обвинувањата против лидерот на опозицијата Зоран Заев, рече американскиот заменик помошник државен секретар за Европа и за Азија, Хојт Ји, по денешната средба со премиерот Никола Груевски. Тој рече дека ги повикал Владата и нејзините институции да ги земат многу сериозно обвинувањата и инсинуациите за злоупотреби...

Коѕиас идната недела на средби со Кери, Нимиц и со Ки-мун

Грчкиот шеф на дипломатијата, Никос Коѕиас, в недела заминува на еднонеделна посета на САД, каде ќе има бројни средби поврзани и со македонско-грчките односи и со спорот за името. Првата станица на Коѕиас ќе биде Вашингтон, каде ќе се сретне со американскиот државен секретар, Џон Кери, со кој се очекува да разговара за сите прашања од билатерален и меѓународен интерес,...

Заменик помошник државен секретар на САД во посета на Македонија

Американскиот заменик помошник државен секретар за Европа и за Азија, Хојт Ји, денеска ќе допатува на дводневна посета во Македонија. За време на посетата, Ји ќе се сретне со министерот за надворешни работи, Никола Попоски, и со народниот правобранител Иџет Мемети. Заменик помошникот државен секретар исто така ќе се состане и со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, како и претседателот на...

Газда си ја намалил својата за да им ги зголеми платите на вработените

Основачот и првиот човек на фирмата „Гревити пејментс“ од Сиетл, Ден Прајс, си ја намалил сопствената плата од еден милион долари на само 70.000 годишно, за на своите вработени да им го зголеми минималецот до истиот износ. Во иднина сите 120 вработени, без разлика која функција ја извршуваат, годишно ќе заработуваат најмалку 70.000 долари, што е за 20.000 повеќе од американскиот просек. Одлуката на...