fbpx
Таг: САД

таг: САД

Вајоминг: Повеќе од 20 повредени во верижен судир на 70 возила

Дваесет и две лица се повредени при судир на 70 возила во сојузната американска држава Вајоминг. Како што јавуваат американските медиуми, ниту едно лице од повредените не е во животна опасност. Причина за несреќата била силна снежна бура.

Хојт Ји: Власта да се посвети и на прислушувањето и на содржината на разговорите

Еднакво сериозно власта да се посвети на содржината на прислушуваните разговори, колку што ги зема сериозно обвинувањата против лидерот на опозицијата Зоран Заев, рече американскиот заменик помошник државен секретар за Европа и за Азија, Хојт Ји, по денешната средба со премиерот Никола Груевски. Тој рече дека ги повикал Владата и нејзините институции да ги земат многу сериозно обвинувањата и инсинуациите за злоупотреби...

Коѕиас идната недела на средби со Кери, Нимиц и со Ки-мун

Грчкиот шеф на дипломатијата, Никос Коѕиас, в недела заминува на еднонеделна посета на САД, каде ќе има бројни средби поврзани и со македонско-грчките односи и со спорот за името. Првата станица на Коѕиас ќе биде Вашингтон, каде ќе се сретне со американскиот државен секретар, Џон Кери, со кој се очекува да разговара за сите прашања од билатерален и меѓународен интерес,...

Заменик помошник државен секретар на САД во посета на Македонија

Американскиот заменик помошник државен секретар за Европа и за Азија, Хојт Ји, денеска ќе допатува на дводневна посета во Македонија. За време на посетата, Ји ќе се сретне со министерот за надворешни работи, Никола Попоски, и со народниот правобранител Иџет Мемети. Заменик помошникот државен секретар исто така ќе се состане и со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, како и претседателот на...

Газда си ја намалил својата за да им ги зголеми платите на вработените

Основачот и првиот човек на фирмата „Гревити пејментс“ од Сиетл, Ден Прајс, си ја намалил сопствената плата од еден милион долари на само 70.000 годишно, за на своите вработени да им го зголеми минималецот до истиот износ. Во иднина сите 120 вработени, без разлика која функција ја извршуваат, годишно ќе заработуваат најмалку 70.000 долари, што е за 20.000 повеќе од американскиот просек. Одлуката на...

Засега, Хилари Клинтон во трка против тројца мажи

Демократите и републиканците во САД ја почнаа внатрепартиската трка за кандидатура за претседателските избори закажани за 2016 година. Досега четири кандидати официјално се вклучија во партиската трка: поранешната државна секретарка Хилари Клинтон за претседателски кандидат на Декомратската партија, додека во Републиканската партија тројца сенатори се борат за позицијата носител на претседателското изборно ливче – Тед Круз, Ренд Пол и Марко...

Кремљ: Кандидатурата на Клинтон е внатрешна работа на САД

Претседателската амбиција на некогашната американска државна секретарка Хилари Клинтон е внатрешна работа во која Кремљ не планира да се меша, изјави портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, Димитриј Песков. „Тоа е внатрешна работа на САД. Никогаш не се мешаме во ничие внатрешно прашање и не држиме лекции. И не сакаме кога другите ни го прават тоа нам“, рекол Песков. Заменик-министерот за...

Кери: Куба може да биде тргната од црната листа

Американскиот претседател Барак Обама во наредните неколку дена ќе одлучи дали Куба ќе биде отстранета од листата на држави-спонзори на тероризам, рече шефот на американската дипломатија Џон Кери. Барак Обама и претседателот на Куба, Раул Кастро, во саботата се состанаа во Панама. Ова беше прв состанок на такво ниво од 1956 година. На листата на која се и Сирија, Судан и Иран,...

Вонредна состојба во авион на „Емиратс ерлајнс“

Авион на „Емиратс ерлајнс“, кој од Дубаи летал за Њујорк, го променил курсот откако во него е прогласена вонредна состојба. Иако требало да слета на аеродромот „Џон Ф. Кенеди“, пренасочен е во Манчестер, каде безбедно слетал. Како што пишува британскиот весник „Мирор“, авионот ќе го продолжи летот кон САД во 16.30 часот, откако ќе наточи гориво. Според информациите на интернет-страницата „Ерлајв“,...

Историска средба: Обама и Кастро ќе се ракуваат во Панама

Американскиот претседател Барак Обама денеска замина на кратка турнеја во Средна Америка, во рамки на која в петок и в сабота ќе учествува на самитот на Јужна и на Северна Америка во Панама. На самитот би требало да се сретне со челниците на 34 држави, меѓу кои и со кубанскиот претседател Раул Кастро. Обама денеска слета во Јамајка. Двајцата претседатели...

Средба на Канческа-Милевска со американскиот амбасадор Бејли

Министерката за култура, Елизабета Канческа–Милевска, денеска имаше средба со американскиот амбасадор Џес Бејли, на која е оценето дека двете држави имаат одлични културни врски, кои се одликуваат со реализација на голем број проекти од сите области на културата. Канческа-Милевска, како што информираше ресорното Министерство, се заблагодарила за огромната поддршка што Амбасадата на САД во Република Македонија, преку Амбасадорскиот фонд, ја дава...

Договорот со Иран ги подобрува односите помеѓу САД и Кина

Договорот постигнат оваа седмица, помеѓу светските сили и Иран за иранската нуклеарна програма, е добар и за унапредување на кинеско-американските односи, рекол министерот за надворешни работи на Кина, Ванг Ји во телефонски разговор со неговиот американски колега, Џон Кери. За постигнување на договорот заслужни се сите страни кои ја искористија историската можност со заеднички напори, му рекол Ванг на Кери, а...

Американците повеќе се плашат од Обама отколку од Путин

Третина од американските републиканци сметаат дека претседателот на САД, Барак Обама, претставува поголема закана за државата отколку рускиот претседател, Владимир Путин, покажа анкетата што ја спроведе „Ројтерс/Ипсос“. Во анкетата учествуваа 2.809 Американци, кои на скала од 1 до 5 можеле да ја оценат државата, организација или лице за кое сметаат дека претставува закана за САД. Резултатите од анкетата покажаа дека 34 отсто...

Десетина повредени при уривање на зграда во Менхетен

Најмалку десет лица се повредени откако станбена зграда се урна во Менхетен, јавуваат американските власти. Според првичните информации, причина за несреќата е експлозија на гас, која предизвикала пожар и делумно уривање на зградата. Американските медиуми, пак, јавуваат дека во пожарот, во чие гаснење учествуваа 120 пожари, повредени се 30 лица, од кои тројца се во критична состојба. New York City fire department battling...

Претставничкиот дом на САД ја усвои резолуцијата за буџетот за 2016 година

Резолуцијата за буџетот за следната година ја усвои претставничкиот дом на САД. Со неа е предвидено намалување на трошоците за социјалните и за здравствените програми. Буџетот за 2016 година, кој беше предложен од републиканците, во висина од околу 3.800 билиони долари, предвидува целосно укинување на американскиот дефицит до 2024 година, а кој лани достигна 2,8 отсто од БДП. Претставничкиот дом го усвои...

Обама нема време за Столтенберг во Вашингтон

Американскиот претседател Барак Обама нема да се сретне со новиот генерален секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кој стапи на должност минатиот октомври, иако првиот човек на Алијансата е во тридневна посета на Вашингтон, јавува американската агенција „Блумберг“. Од канцеларијата на Столтенберг побарале состанок со Обама значително пред планираната посета на Вашингтон, но не добиле одговор од Белата куќа, иако лидерите...

Конгресот усвои резолуција за испраќање оружје на Украина

Американскиот Конгрес ја одобри резолуцијата во која американскиот претседател Барак Обама повикува да ѝ се помогне на Украина во борбата против проруските бунтовници, праќајќи ѝ оружје. Одлуката е изгласана со 348 гласа „за“ и со 48 „против“. Сепак, гласањето е симболично бидејќи одлука за праќање оружје во Украина ќе се донесе само во Белата куќа.

Израел ги шпионирал преговорите за иранската нуклеарна програма

Израел го шпионирал преговорите меѓу Техеран, САД и петте најголеми светски сили за иранската нуклеарна програма, соопшти денеска „Волстрит џурнал“. Израел набргу ги демантираше информациите на американскиот весник, оценувајќи ги како „спротивни на вистината“. Според весникот, кој цитира американски претставници, израелската операција се состоела од инфилтрирање во расправите и од составување досие за да го спречат прифаќањето на условите од спогодбата...

Јута воведува стрелечки вод за смртна казна

Јута вчера стана правата сојузна американска држава што го врати стрелечкиот вод за спроведување смртна казна во случај на недостиг од супстанци за смртоносна инјекција. Законот, кој веќе го изгласа Сенатот на државата, дозволува прибирање стрелечки вод за извршување смртна казна ако на располагање нема супстанца со која вообичаено се полни смртоносната инјекција, како што неодамна беше случај во извесен број сојузни...

Пентагон покрена истрага за списоците за ликвидација на ИД

Пентагон почнал истрага за заканите на сунитската екстремистичка група Исламска дражва, која се закани дека ќе ликвидира стотина американски војници, кои се борат против неа, јавуваат американските медиуми. ИД претходно на интернет објави листа на стотина американски војници, со име, презиме, фотографија и со адреса, и повика на нивна ликвидација. Џихадистичката група тврди дека податоците за американските војници ги добила со...

Безбедноста станува помал приоритет, вели поранешниот истражувач за безбедност на „OpenAI“

Јан Лејк, поранешен вработен во „OpenAI“ кажува дека приоритет за компанијата се „напредни производи“, а не безбедноста, откривајќи дека тој дал отказ по несогласувања околу клучните цели, пишува Гардијан. Лејк...