fbpx

Вонредна состојба во авион на „Емиратс ерлајнс“

-

Авион на „Емиратс ерлајнс“, кој од Дубаи летал за Њујорк, го променил курсот откако во него е прогласена вонредна состојба. Иако требало да слета на аеродромот „Џон Ф. Кенеди“, пренасочен е во Манчестер, каде безбедно слетал.

Како што пишува британскиот весник „Мирор“, авионот ќе го продолжи летот кон САД во 16.30 часот, откако ќе наточи гориво.

Според информациите на интернет-страницата „Ерлајв“, вонредната состојба настанала поради медицински причини, што упатува на тоа дека некому за време на летот му се слошило.

Авионот „ербас А380“ е еден од најголемите патнички авиони во светот, во кој патниците се распределени на две нивоа. Вообичаената постава на патничкиот авион обично нуди околу 525 места за седење, со распоред на патнички класи. Во случај да нема поделба на економски класи, авионот може да прими повеќе од 850 патници.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...