fbpx

Стечајците од Кочани не добија одговор дали има место за нив во „Македонија вработува“

-

Стечајците од Кочани, кои повеќе од 10 години се без работа, организирано заминаа во Агенцијата за вработување за да добијат информации за тоа колкави се нивните шанси да се вработат со новиот владин проект „Македонија вработува“. Со проектот, во петтата категорија на граѓани, се предвивува опфаќање на лица повозрасни од 58 години што две години се без работа, за фирмите што ќе ги вработат да не им плаќаат придонеси до пензија.

Кочанските стечајци рекоа дека не веруваат дека проектот е реален, туку изговор за елиминирање на нивниот предлог-закон за згрижување на стечајците.

– Од директорот на Агенцијата не добивме никаков одоговор бидејќи и тој самиот нема сознанија. Тоа значи дека овој закон дека е манипулативен, односно чист популизам. Ние веќе имаме поднесено закон за згрижување на стечајците. Зошто оваа Влада не ги згрижи луѓето кои се пред пензија и имаат и повеќе од 60 години и не им ослободи места за младите да не бегаат во странство? – прашаа стечајците.

Граѓаните што имаат повеќе од 55 години се сомневаат дека ќе ги поминат потребните лекарски прегледи при вработување. Според нив, во оваа категорија има луѓе со два-три бај-паса на срце, луѓе кои нема да можат да се качат на градилиште и такви кои нема да ги издржат барањата на приватните компании.

При презентирањето на проектот, вицепремиерот Владимир Пешевски рече дека од него профитираат повозрасните лицата што со години чекаат работа.

Стечајците со години се обидуваат да го внесат во Собрание законот со кој ќе добиваат по 100 евра месечно до пензионирање.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...