fbpx

Кери: Куба може да биде тргната од црната листа

-

Американскиот претседател Барак Обама во наредните неколку дена ќе одлучи дали Куба ќе биде отстранета од листата на држави-спонзори на тероризам, рече шефот на американската дипломатија Џон Кери.

Барак Обама и претседателот на Куба, Раул Кастро, во саботата се состанаа во Панама. Ова беше прв состанок на такво ниво од 1956 година.

На листата на која се и Сирија, Судан и Иран, Куба е од 1982 година, поради прифаќање екстремисти од баскиската сепаратистичка организаација ЕТА и колумбиски герилци .

Државниот секретар во неделата призна дека неговото министерство по долго разгледување на случајот со Куба му дало препорака на претседателот Обама.

„На претседателот му оставам простор да донесе одлука на основа на нашите препораки. Тој таа одлука ќе ја донесе во наредните денови“, изјави Кери за „Си-Би-Ес“.

САД и Куба ги прекинаа дипломатските односи во 1961 година.
Половина век подоцна, Кастро и Обама на 17 декември минатата година го изненадија светот со објавување на одлуката за историското помирување на овие две земји, по 18 месеци водење преговори во најголема тајност.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...