fbpx

Газда си ја намалил својата за да им ги зголеми платите на вработените

-

Основачот и првиот човек на фирмата „Гревити пејментс“ од Сиетл, Ден Прајс, си ја намалил сопствената плата од еден милион долари на само 70.000 годишно, за на своите вработени да им го зголеми минималецот до истиот износ.

Во иднина сите 120 вработени, без разлика која функција ја извршуваат, годишно ќе заработуваат најмалку 70.000 долари, што е за 20.000 повеќе од американскиот просек.

Одлуката на Прајс себеси да си ја намали платата за 93 отсто, колегите ја дочекале со овација и со неверување.

Триесетгодишниот Прајс, на 19-годишна возраст ја основал фирмата која се занимава со обработка на трансакции со кредитни картички. Тој, освен што себеси си ја намалил платата, се одрекол и од околу 80 отсто од годишната добивка, која изнесува околу 2,2 милиони долари.

Ветените промени во платата ќе се спроведат во текот на следните три години, почнувајќи од крајот на 2015 година. Сите вработени што сега заработуваат најмалку 50.000 долари, од следната година ќе бидат побогати за уште 10.000 долари.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...