fbpx

Протести во најголемите градови на источниот брег на САД

-

Повеќе илјади лица учествуваа во демонстрациите одржани во најголемите градови на источниот брег на САД, барајќи полицијата да има еднаков третман кон сите. Протестите почнаа откако 25-годишниот Фреди Греј почина од повредени добиени во полициски притвор во Балтимор.

Најголем број демонстранти се забележани во Балтимор, каде е блокиран сообраќајот во централниот дел на градот.
Повеќе илјади лица демонстрираа во знак на солидарност во Њујорк, Вашингтон и во Бостон.

Демонстрациите биле претежно мирни, иако полицијата во Њујорк соопшти дека уапсила повеќе од 60 лица.

Околу 2.000 припадници на Националната гарда на почетокот од неделава беа распоредени на улиците на Балтимор, каде е воведен полициски час од 22 до 5 часот.

Околностите за смртта на Греј сè уште се нејасни, но 6.000 се суспендирани од работа без плата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...