fbpx

Шатор-демократијата ја измисли ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ само ја продолжува и ја надградува

-

Средношколците веќе три дена кампуваат пред Министерството за образование и наука за да извршат притисок да бидат сослушани и заеднички со Министерството да се најде решение за нивните барања околу полагањето матура.

Доколку државата наскоро не им го реши статусот на професионалните војници постари од 35 години, и тие ќе кампуваат пред Министерството за одбрана. Тие вчера излегоа на протест уште еднаш да го кажат своето барање, но велат дека ова е последен пат на ваков начин да бараат решавање на нивниот статус.

Протест со поставување шатори и со кампување најавија и од опозицискиот СДСМ, како притисок врз Владата да ги прифати нивните барања. Иако сè уште не е познат точниот датум, познато е дека во партијата се прават списоци на луѓе што би кампувале пред објектот на Владата на Илинденска број 2.

средношколци МОН

Сепак, шатор-демократијата не е новина кај нас, а не е ниту нешто непознато кај опозициската партија.

На 23 декември 2012 година, еден ден пред настаните од 24 декември, кога насила беа избркани опозициските пратеници и новинарите од Собранието на Република Македонија, СДСМ ноќта ја помина во паркот Жена-борец. Опозицијата постави тенда, а пред граѓаните зборуваа лидерите на сите партии од опозицискиот блок.

sator na sdsm pred sobranie

Историјата, пак, за почеток на практикување на ваква демократија во Македонија ја има запишано 1997 година.

Имено, студентите и средношколците во јануари 1997 година протестираа за „унитарноста на македонскиот јазик“.

Пред да постават шатори, студентите и средношколците протестираа 30 дена.

Протестите, пак, почнаа поради предлог-законот за употреба на албанскиот јазик на Педагошката академија, што го подготви тогашната министерка за образование, Софија Тодорова. Од него беа незадоволни сите – студентите, професорите, коалициските партнери во Владата на СДСМ, ПДП, а и опозицијата. Со него се предвидуваше студентите од албанска националност на академијата да посетуваат настава на својот мајчин јазик. Студентите Македонци на Педагошката академија (ПА), предводени од претседателката на студентската организација, Мирјана Китановска, бараа повлекување на законот и донесување закон за високо образование, но и неотповиклива оставка на министерката Тодорова и на претседателот на Сојузот на студентите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

На 27 јануари, два дена пред почетокот на собраниската расправа за законот, во јавноста е објавено писмо потпишано од 460 професори и асистенти на скопскиот универзитет, во кое се предупредува дека со законот за педагошкиот фаултет се прави „чекор напред во промоција на мултијазичноста во Македонија, измена на нејзиниот Устав, поделба и федерализација на државата“.

Собранието, сепак, со 54 гласа „за“, 12 „против“ и 3 воздржани, го усвои законот за педагошкиот факултет.

strajk so glad

Тогаш студентите, меѓу кои беа и Влатко Ѓорчев, Филип Петровски, Александар Пандов, поставија шатори спроти Собранието и почнаа штрајк со глад. По неколку дена, шестмина од студентите завршија на Клиниката за токсикологија, по што и се распадна протестирањето, а се тргнаа и шаторите.

Од март до јуни 2007 година стечајците во шатори протестираа во паркот спроти Собранието. Четири месеци тие, буквално, живееја на ова место без никакви конкретни најави за решавање на нивните проблеми и без денар в џеб. По речиси 120 дена протест и по влошувањето на нивното здравје, тие ги извадија шаторите.

stecajci sobranie

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...