fbpx

Средба Заев – Ји: Разговор околу можните решенија за излез од кризата

-

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, придружуван од заменик-претседателката на партијата, Радмила Шекеринска, и од генералниот секретар Оливер Спасовски, денеска се сретна со висока делегација од САД, предводена од Хојт Брајан Ји, заменик-помошник на државниот секретар на американскиот Стејт департмент.

На средбата се разменија мислења за тешката ситуација во која се наоѓа Македонија и последиците врз евроатланските интеграции на земјава, а се разговараше и за можните решенија за излез од длабоката политичка криза.

Заев посочил дека вистината што ја дозна целокупната јавност во Македонија ги потврди злоупотребите на власта, кои веќе се забележани во меѓународните извештаи на ОБСЕ/ОДИХР, Европската комисија и на многу други релевантни меѓународни организации.

– Вистината допре до граѓаните. Се потврди контролата на власта врз судството, медиумите, се потврди целосната поклопеност на државниот систем, криминалот, корупцијата, изборните нерегуларности. Сè она што власта недозволиво го правела со години. Сè е јасно. Со тоа, проектот „Вистината за Македонија“ го осветли, но и го отвори патот работите во Македонија да се променат. Да се изградат независни државни институции, независно судство, медиуми, да се вратат слободата и демократијата. Тоа е можно само преку формирање преодна влада и одржување на фер и демократски избори – изјави Заев.

Заев изрази очекување од пријателите на Македонија, меѓу кои и САД, позасилено да се вклучат во процесите за наоѓање излез од длабоката политичка криза.

Заеднички беше заклучено дека членството на Македонија во ЕУ и во НАТО нема алтернатива и дека тоа е целта кон која што треба да се стремат сите политички субјекти во земјава.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...