fbpx
Таг: САД

таг: САД

Попоски и Нуланд разговараа за билатералните односи и за политичката криза

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, денеска се сретна со помошничката на државниот секретар на Соединетите Американски Држави за европски и за евроазиски прашања, Викторија Нуланд, која престојува во работна посета на нашата земја. Попоски и Нуланд, како што се наведува во соопштението од МНР, изразиле задоволство од досегашниот развој на односите меѓу двете пријателски држави, втемелени на...

Генералот Хол се заблагодари за поддршката на АРМ за НАТО

Началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Горанчо Котески, денеска се сретна со заменик-началникот на секцијата за планирање, политика и за партнерство на командата на САД за Европа, бригадниот генерал Вилијам Хол. На средбата, која е дел од посетата на заменик-помошникот за одбрана на САД, Евелин Фаркаш, на Република Македонија, генералите Котески и Хол разговарале за меѓуармиската соработка и за нејзино...

Јолевски: Целта на Македонија е да биде полноправна членка на НАТО

Македонија е подготвена да го заземе своето заслужено место како полноправна членка на НАТО, истакна министерот за одбрана, Зоран Јолевски, на денешната средба во Министерството, со заменик-помошникот секретар за одбрана на САД, Евелин Фаркаш, која престојува во посета на нашата држава. Јолевски истакнал дека стратегиските цели на Македонија и понатаму останува да бидат членство во НАТО и во Европската унија. -...

Ахмети на средба со Нуланд: Неприфатливо е продолжувањето на политичката криза

„Неприфатливо е продолжувањето на политичката криза бидејќи целото општество е во очекување на решение и на продолжување на нашиот евроатлантски пат“, оценил претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, на денешната средба со помошничката на државниот секретар на САД за Европа и за Евроазија, Викторија Нуланд, која е во еднодневна посета на земјава. „Лидерот Ахмети ја запозна госпоѓа Нуланд со позицијата...

Обвинителството нема коментар на барањето на МКГ за меѓународна истрага за Куманово

„Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција секојдневно презема мерки и активности во врска со настаните што се случија во Куманово при спроведување на полициската акција. Со оглед на обемноста на доказниот материјал, истражна постапка е во тек. Обвинителството во интерес на истрагата не може да споделува детали. Во моментот кога ќе се создадат услови, јавноста ќе...

ФБИ спречи напад на Денот на независноста инспириран од ИД

Властите на САД успеале да одвратат напад планиран за американскиот празник 4 Јули, апсејќи повеќе од 10 лица кои за нападот биле инспирирани од Исламска држава, соопшти директорот на Федералното истражно биро (ФБИ), Џејмс Комеј. - Верувам дека ја спречивме нивната намера да убијат луѓе, веројатно поврзана со 4 Јули – рече Комеј, без да открие повеќе детали. Независно од ФБИ, извор...

Хакерски напад на САД: Украдени личните податоци на најмалку 21,5 милиони луѓе

Хакерите што упаднаа во базата на податоци на САД ги украле личните податоци на најмалку 21,5 милиони луѓе, соопштиле владини преставници, пренесуваат светските медиуми. Најновите информации, објавени денеска, покажуваат дека загриженоста кај властите на САД во врска со инцидентот се зголемува, бидејќи само пред еден месец беше соопштено дека, според тогашните процени, во хакерскиот напад биле украдени личните податоци на 4,2...

САД бараат идентификување на одговорните за нападите со хлор

САД предложија до Советот за безбедност на ОН формирање експертски тим кој би утврдил кој е одговорен за нападот со хлор во Сирија, за кој Западот ги обвини силите на сирискиот претседател Башар ал Асад. Расправата на 15 земји-членки за предлог-резолуцијата би требало да почне в понеделник, велат неименувани дипломати. Според нацрт-резолуцијата, која синоќа ја предложи Вашингтон, тимот би го сочинувале...

Се јави МКГ, бара македонско-косовска истрага за Куманово

Во врска во последните случувањата околу политичката криза и настаните во Куманово пред точно два месеци, денеска со извештај се јави и Меѓународната кризна група (МКГ). Во текстот со наслов „Македонија: Деактивирање на бомбите“ меѓу другото се предлага заедничка македонско-косовска истрага за инцидентот во Диво Насеље со експертска помош од ЕУ и од САД. За дводневниот судир меѓу македонската полиција и...

ФБИ: 200 Американци заминале или сакале да заминат во ИД

Повеќе од 200 Американци отпатувале или се обиделе да заминат во Сирија за да се борат на страна на исламските милитанти, објави денеска шефот на американското Федерално истражно биро (ФБИ), Џејмс Комеј. - Продолжуваме со идентификување поединци што сакаат да се приклучат на странските борци... а, исто така, и на домашните екстремисти, кои би можеле да извршат напади во САД – рече...

Инструктори од САД ги обучувале македонските полицајци за управување со чамци

Инструктори на крајбрежната стража на Соединетите Американски Држави (САД) минатиот месец одржале обуки за граничните полицајци од регионалниот центар за гранични работи Југ и за службеници на царината за управување со чамци, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Курсот се одржал во водите на Охридско Езеро, а бил реализиран со поддршка на Програмата за контрола на извозот и граничната безбедност при...

Фудбалерките на САД, нови светски шампионки

Женската фудбалска репрезентација на Соединетите Американски Држави (САД) е нов светски првак, откако во финалето на Светкото првенство во Канада ја совлада селекцијата на Јапонија со убедливи 5-2. Фудбалерките на САД уште на почетокот од натпреварот тргнаа на победа и веќе во 16. минута имаа водство од 4-0. Најефикасна во тимот на сега веќе новиот светски шампион, беше Карли Лојд, која постигна...

САД денеска го одбележуваат Денот на независноста

Националниот празник, Денот на независноста, денеска се одбележува САД, со зголемени мерки за безбедност. Стејт департментот на САД изврши проверка на безбедноста на американските дипломатски претставништва во светот, во пресрет на 4 Јули, изјави портпаролот Џон Кирби. Гувернерот на Њујорк, Ендру Куомо, наложи затегнување на мерките за безбедност во целата држава, во одговор на повикот за будност, упатен од федералната власт. Околу 7.000...

Пентагон: Убиен е висок член на ИД

Висок претставник на Исламска држава е убиен при воздушните напади на коалициските сили во Сирија, извршени на 16 јуни, соопшти Пентагон. Како што јавуваат американските медиуми, станува збор за Тарик бин Тахар ал Харзи, кој работел на собирање средства и доброволци за групата и на транспорт на оружје.

Пукање во седиштето на американската морнарица

Американската морнарица објави дека нејзиното седиште во Вашингтон е затворено поради престрелка, јавуваат американските медиуми. Голем број полицајци и припадници на безбедносните служби реагирале на повикот од седиштето, а улиците во југоисточниот дел на градот се блокирани. Портпаролот на морнарицата, Педро Родригез, не соопшти детали за настанот, но според неофицијални извори, две вооружени лица отвориле оган во седиштето. Полицијата сè уште ги...

САД побараа екстрадиција на претставниците на ФИФА

Швајцарските власти соопштија дека САД побарале екстрадиција на седумте претставници на ФИФА што во мај беа уапсени во Цирих. Федералниот оддел за правосудство ќе ги сослуша седуммината за барањето за екстрадиција, а потоа остануваат 14 дена за да се одговори на барањето, но би можеле да добијат и дополнително време од уште две недели. Барањето за екстрадиција се темели на сомнежот за мито...

На Хаваи целосно забранета употребата на пластични кеси

Во американската сојузна држава Хаваи, од вчера стапи на сила одлуката со која целосно се забранува диструбицијата и употребата на пластични кеси во продавниците, јавуваат американските медиуми. Властите на градот и на областа Хонолулу, која во целост го покрива Оаху, најнаселениот остров на Хаваи, донеле одлука со која им се забранува на продавниците да им даваат пластични кеси на своите...

САД и Куба ќе отворат амбасади во главните градови

Aмбасади во главните градови на САД и на Куба ќе отворат двете земји, а одлуката треба да биде соопштена денеска. Односите беа замрзнати уште од 1960 година кога Вашингтон ги прекина дипломатските врски и воведе ембарго за трговија со комунистичкиот остров. Двете земји се согласија да ги нормализираат односите на крајот на 2014 година. Лидерите на двете земји одржаа историска средба во...

САД ја продолжуваат воената помош за Бахреин

Соединетите Американски Држави (САД) ќе продолжат со воената помош за Бахреин, соопштиле претставници на властите во Вашингтон, јавува „Би-Би-Си“. Безбедносната соработка трае од 2011 година, кога заливската држава успеа да ја задуши Арапската пролет во земјата и да ги прекине масовните протести на шиитската заедница. Портпаролот на Стејт департментот, Џон Кирби, изјавил дека во Бахреин бил забележан напредок околу состојбата со...

Врховниот суд на САД ги легализираше истополовите бракови

Американскиот Врховен суд пресуди дека истополовите двојки ќе можат легално да стапат во брак во сите 50 сојузни држави на САД, со што бракот стана уставно право на сите што живеат во Америка. Со историска одлука со пет наспроти четири гласа, претседателот Ентони Кенеди со мнозинството одлучи дека бракот е уставно право за сите. Досега, хомосексуалните двојки можеа да стапат во брак во 36 од...

Амнестијата за „Хашките случаи“ е направена во 2011 година од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

Во јули 2011 година Собранието со гласовите на тогашното владејачко мнозинство изгласа амнестија за четирите „Хашки случаи“. Тогаш парламентот со 63 гласа „за“ и 29 „против“ (опозициски пратеници) го усвои...