fbpx

Обама го потпиша законот за ограничување на прислушувањето

-

Американскиот конгрес ја усвои реформата на законот за надзор со кој се ограничуваат овластувањата на Националната безбедносна агенција (НСА), посебно на програмата за прислушување телефонски разговори, која е воведена по терористичките напади во Њујорк на 11 септември 2001 година.

Претседателот Барак Обама веднаш по усвојувањето на законот во парламентот, доцна синоќа го потпиша законот познат како „Фридом акт“.

За ограничувањето на програмата за собирање податоци од телефонски разговори, која отсега ќе биде под надлежност на телефонските компании, гласаа 67 сенатори, додека 32 биле против.

„Законот ќе ја зајакне заштитата на граѓанските слободи и ќе обезбеди поголема доверба во јавноста на оваа програма“, наведе Обама во соопштението.

Членовите на разузнавачкиот комитет на Сенатот со години предупредуваа на програмата за телефонско прислушување, чии детали пред две години ги објави поранешниот службеник на НСА, Едвард Сноуден.

Новиот закон предизвика поделба меѓу републиканците. Додека претседателот на Претставничкиот дом, републиканецот Џон Бејнер ги поддржа реформите, лидерот на мнозинството во Сенатот, Мич Маконел, се заложил за продолжување на важечки закон, но не доби поддршка од десетина републиканци за својот амандман.

На крај, за законот гласаа 23 сенатори од редовите на републиканците, додека против биле 30. Со новиот закон се укинати овластувањата на НСА да прислушува телефонски разговори и да собира податоци барајќи врска со меѓународни терористи. Тие податоци во иднина ќе може да се добијат само по налог за одреден број на телефонските компании, кои вообичаено чуваат податоци до 18 месеци.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...