fbpx

Дожд од камења повреди жител на Бучим

-

При минирање на коп во рудникот „Бучим“, повреден е еден жител на радовишкото село Бучим, кој заврши во болница. Среќа во несреќа, човекот бил сам на нивата кога минер на „Бучум“ го активирал екплозивот. По дождот од карпи и од камења, земјоделците, кои саделе тутун во околните ниви, во трк спасувале жива глава.

Неколку ниви се речиси целосно затрупани со камења. Жителите на селото денеска излегоа на протест. Велат дека со експлоатацијата на рудата им е загорозена нивната безбедноста, но и на нивните деца, бидејќи во непосредна близина каде што се врши минирањето се наоѓаат и селските чешми.

– Да беше човекот тука со семејството, кој знае што можеше да се случи. На нивата, наместо да заврне дожд, камен врнеше. Бараме поголема безбедност за нас и за нашите деца и рудникот да поведе поголема сметка – велат жителите на Бучим.

Рудникот ја признава својата грешка. Лоша проекција направил главниот инженер за минирање, кој поради овој инцидент, доби отказ.

Директорот за производство и за животна средина од рудникот „Бучим“, Герасим Конзулов, вели дека ова е прв ваков поголем инцидент.

– Ние ја признаваме нашата минимална грешка. На главниот инженер за минирање му е напишан отказ и е најдена негова замена. Тој повеќе во рудникот нема да работи. Во иднина ќе внимаваме – рече Конзулов.

Вообичаено, пред минирање, велат од рудникот, ги известуваат жителите со звучен сигнал. Сепак, за жителите на Бучим, рудникот треба да преземе поголеми мерки на безбедност, особено во време на земјоделските работи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...