Активистите почнаа со собирање потписи против рудникот „Иловица-Штука“

Активистите побараа од Владата целосно раскинување на двете концесии за рудникот за бакар и злато

Од протестот против Еуромакс Рисорсис. Фото: Митко Ников. Објавено со специјална дозвола за Мета.мк

Еко-активистите од „Здрава котлина“ и „Еко долина“ вчера во Струмица го започнаа собирањето на потписи од граѓаните против изградбата на рудникот „Иловица-Штука“ на организираниот настан „Потпиши се против рудникот на смртта“. Книгите за потписи на граѓаните против рудникот ќе бидат дистрибуирани во сите општини и населени места во регионот.

Активистите побараа од Владата целосно да ги раскине двете концесии за рудникот за бакар и злато. Од „Здрава котлина“ порачаа дека собирањето потписи од граѓаните не е класична петиција, туку алатка пред секоја власт да ја види бројката на граѓани кои се против отворање рудник во својата котлина.

Инаку, реакциите на активистите за рудникот „Иловица-Штука“ започна откако владата на седница на 27 јуни донесе одлука да се спојат двете концесии за рудникот Иловица-Штука. Потоа, дел од министрите се жалеа дека точката на дневен ред била ставена како дополнителна на само еден ден пред одржувањето на седницата и дека не можеле да ги разгледаат поднесените материјали при носењето на првичната одлука.

Тројца министри велат дека биле измамени да гласаат за спојувањето на концесиите за Иловица-Штука

Илјадници граѓани од Струмичкиот регион кон средината на јули организираа и протест против изградбата на рудникот.

Не за рудникот Иловица-Штука, илјадници граѓани на протест во Струмица

Исто така, општинските совети на Ново Село, Босилево и Василево изгласаа одлуки против отворањето на рудникот „Иловица-Штука“.

Советите на општините Босилово и Василево едногласно против рудниците Иловица – Штука