четврток, 13 ноември, 2025
Meta.mk

Ознака: петиција | 36 резултати

„Сите за МКЦ“ со барања до Град Скопје – регуларен конкурс за избор на директор и зголемување на буџетот

21 февруари 2023

„Кратењето на програмскиот буџет на МКЦ за 92% е крајно неприфатливо и сериозно ја загрозува способноста на МКЦ да ги одржува мноштвото културни настани кои редовно ги одржува години наназад. Дополнително, поставувањето в.д. директор кој не е од сферата на културата и не е од редот на вработените на МКЦ е крајно нерегуларно и повторно ја загрозува способноста на МКЦ да функционира со полна пареа како што функционирало со години“, се вели во писмото на „Сите за МКЦ“

Буџетот скратен, директорот спастрен: По половина век постоење, МКЦ Скопје е на колена

25 јануари 2023

Помалку од еден месец откако Младинскиот културен центар во Скопје (МКЦ) одбележа половина век од своето основање, култната институција посветена исклучиво на младите се соочува со најтешкиот период во богатата историја. За време на мандатот на градоначалничката Данела Арсовска, во МКЦ има драстично намален буџет, смени на директори, протести, заклучени врати и многу нејаснотии. Поранешниот […]

Петиција: Улицата Пиринска, на која се наоѓа Руската амбасада во Скопје да се преименува во „улица Украинска“

29 март 2022

Граѓаните на Северна Македонија од вчера имаат можност да се приклучат на петицијата „улица Украинска“ со што би ги поттикнале градските власти да ја преименуваат улицата Пиринска, на која се наоѓа  Амбасадата на Руската Федерација  во Скопје, во улица Украина, соопшти Амбасадата на Украина. „Ова би бил симболичен чин на поддршка за украинскиот народ, кој […]

Петиција на екологистите: Реките ќе ги спасиме со укинување на субвенциите за мали хидроцентрали

14 март 2022

Да се заштитат реките од изградбата на мали хидроцентрали и да се укинат субвенциите за инвеститорите, апелираат македонските екологисти на Светскиот ден на реките. Под мотото „Да ги оставиме реките слободно да течат!“ граѓанската организација „Еко свест“ организира петиција за укинување на субвенциите за малите хидроцентрали и апелира граѓаните, од чии сметки за за електрична […]

„Еко свест“: Да се укинат субвенциите за мали хидроцентрали и парите да се насочат кон сонцето и ветерот

3 јануари 2022

Да се укинат субвенциите за мали хидроцентрали е новата кампања на Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“, за која деновиве започна и петиција за собирање на потписи. Петицијата, заедно со кратко информативно видео, е објавена на нивните страници на социјалните мрежи, а од „Еко свест“ апелираат граѓаните да ја потпишат и да […]

Во Бугарија петиција против партнерството на „Еуроњус“ со „ТВ Европа“

4 мај 2021

Бугарски интелектуалци и новинари вчера, на Светскиот ден на слобода на медиумите, почнаа петиција со пет прашања до европскиот информативен гигант „Еуроњус“, откако оттаму беше најавено формирањето нов информативен телевизиски канал „Еуроњус Бугарија“, во стратешко партнерство со бугарската „Телевизија Европа“. Како што пренесе mediapool.bg, во петицијата отпочната од Атанас Чобанов, главниот уредник на сајтот за […]

Се вжештуваат реакциите на спротивставените страни за висококатниците кај Холидеј Ин

21 април 2021

Секоја од спротивставените страни во однос на изградбата на висококатници на просторот спроти Холидеј Ин денеска излезе со пожестоки ставови во однос на темата. Жителите од Ново Маало, кои го поддржуваат инвеститорот МГ Фешн за изградба на трите висококатници, денеска до Владата на РСМ и Општина Центар доставија петиција со преку 330 потписи од жители […]

Глобална петиција за правото на здрава планета да стане универзално човеково право

23 јули 2020

Здравата природна средина да стане универзално човеково право и да се вклучи во Универзалната декларација на човекови права е иницијативата до Обединетите нации поттикната од граѓански организации од над 100 држави, меѓу кои и Македонија. Македонското еколошко друштво (МЕД) денеска се приклучи кон глобалната иницијатива која започна на 13 јули, како апел да се воведе […]

„Go Green“ со петиција бараат енергетско-ефикасни училишта на сончева енергија

21 април 2020

Здружението за одржлив развој и заштита на животната средина Go Green започна петиција со која бараат институциите да посветат повеќе внимание и ресурси на зајакнување на енергетската ефикасност на училиштата, користење сончева енергија за загревање и струја, и поголема застапеност на образованието за климатски промени во образовната програма. „Бараме училиштата да ја зголемат класата на […]

„Еквалис“ со петиција за намалување на наставниот материјал во основните и средните училишта

13 април 2020

Здужението за едукативен развој „Еквалис“ и група на младински активисти ја започнуваат кампањата „Спас за учебната година“ (#спасзаучебнатагодина) со којашто ја покренуваат петицијата за намалување на наставниот материјал на 70% во основните и средните училишта во Република Северна Македонија. „Апелираме дека оваа вонредна ситуација треба да биде третирана како таква во образованието. Намалувањето на наставниот […]

Тетово: Граѓаните со години бараат асфалтирање на нивната улица

28 ноември 2019

Последен пат улицата „116“ во Тетово е асфалтирана пред независноста на Македонија (1991), и таа во моментов е во ужасна состојба. Над 200 жители од оваа населба потпишаа барање, кое потоа беше испратено до Општина Тетово, но сѐ уште немаат добиено никаков одговор иако писмото е доставено пред скоро еден месец. Од Општина Тетово не […]

Матурантите бараат уписи на факултет со училишна матура

29 август 2019

Педесетина завршени средношколци од Штип со положена училишна матура, преку петиција бараат од Министерството за образование и наука (МОН) да им овозможи упис на некој од македонските факултети. На собирот пред уписните пунктови на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, матурантите го искажаа својот револт од тоа што не им се прифаќаат пријавите. Матурантите тврдат дека […]

„Еко-свест“ покрена петиција за мерки за намалување на аерозагадувањето во Скопје

2 ноември 2018

Центарот за истражување и информирање за животна средина „Еко-свест“ по најновите извештаи за загадувањето на воздухот во Скопје, покрена онлајн-петиција со која од Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) и Град Скопје се бараат итни чекори за борба против причините за загадување на скопскиот воздух. #СкопјеДише отрови, а сака #ЧистВоздух! – Потпиши се […]

Петиција во Словачка против тенковите на моторџиите „Ноќни волци“

6 август 2018

Повеќе од 200 истакнати имиња од Словачка ја потпишале досега петицијата со која се бара од премиерот Петер Пелегрини да преземе мерки за растурање на кампот на моторџиската група „Ноќни волци“, која има свои ограноци во многу земји, а е основана во Русија и ужива сесрдна поддршка од рускиот претседател Владимир Путин. Петицијата беше покрената […]

Коѕиас за протестите: Од милион стигнавме на 4.000, Грците ги кршат стереотипите

18 јуни 2018

Од еден милион демонстранти, дојдовме на 100.000 и сега на 4.000 илјади. Ова покажува дека грчкиот народ ги крши стереотипите, рече грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас, коментирајќи ги вчерашните протести на грчките националисти кај Псарадес против потпишувањето на Спогодбата за решавање на спорот меѓуа Македонија и Грција. Како што јави дописничката на МИА […]

Во Врапчиште протест против спортските обложувалници

12 јануари 2018

Жители на гостиварско Врапчиште денеска по петочната молитва протестираа против спортските обложувалници, јави телевизијата 21. Тие го блокираа патот што минува покрај зградата на општина Врапчиште, и потпишаа петиција на која собраа 800 потписи. Жителите на Врапчиште реагираат што во објекти наменети за домување се отвораат обложувалници и ја повикаа и централната власт да реагира. […]

Собирањето потписи за лицата со посебни потреби продолжува во другите градови

24 април 2017

Денеска до пладне во Штип, 600 граѓани се потпишаа во книгите за собирање потписи за измена на закони и на подзаконски акти за соодветни права на децата со посебни потреби. Претседателот на здружението „Сплотени срца“, Зоран Мијалков, кој е и татко на дете со посебни потреби, изјави дека очекува акцијата да се интензивира. – Денеска и […]

Акцијата за потписи за правата на децата со посебни потреби продолжува и денеска

23 април 2017

Акцијата за собирање потписи за иницијатива до Собранието за измена на закони и на подзаконски акти за соодветни права на децата со посебни потреби, денеска се одвива на плоштадот Македонија од 10 до 16 часот. Досега се собрани нешто повеќе од 2.000 потписи, а требаат уште четирипати по толку за да се постигне цензусот од […]

Петиција на „Арсена“: Бараме поради арсенот гевгеличани водата да ја плаќаат како техничка

12 февруари 2017

Граѓанската иницијатива „Арсена“ денеска поведе граѓанска петиција за намалување на цената на водата од градскиот водоводен систем во Гевгелија на ниво на техничка, со цена од 5 денари за потрошен кубен метар. Поводот петицијата, велат од здружнието, е неколкугодишното игнорирање од страна на локалните власти и Јавното претпријатие „Комуналец“ од Гевгелија да се соочат со […]

Петиција на 7.882 граѓани за запирање на изградбата на панорамското тркало

11 февруари 2017

Петиција на која 7.882 граѓани се потпишале против изградбата на панорамското тркало во Скопје е поднесена до градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски. Петицијата, со која се бара запирање на изградбата на панорамското тркало, денеска се појави на социјалните мрежи, и ако што може да се види од документот, таа е поднесена и архивирана од […]

Страна 1 од 2