САД трошат повеќе од девет милиони долари на ден во борбата против Исламска држава, додека за бомбардирањето од почетокот на акцијата потрошиле 2,7 милијарди долари.

Меѓународната коалиција од минатиот август спроведува воздушни напади во Ирак и во Сирија. Од извештајот за американските трошоци, кој го објави Пентагон, се гледа дека две третини од трошоците отишле на воздушните напади, јавува „Би-Би-Си“.