fbpx
Таг: САД

таг: САД

САД ја прошируваат кампањата против ИД

САД планираат да ја прошират и да ја интензивираат воената кампања против Исламска држава, со повеќе и поинтензивни воздушни напади во Сирија, соопшти американскиот секретар за одбрана, Ештон Картер, во обраќање пред одборот за вооружените сили во Сенатот. Според Картер, прв на ударот на новата интензивирана воена кампања ќе биде градот Рака, кој Исламска држава го прогласи за своја престолнина...

Даниел Бер: Неуспехот на Договорот од Пржино ги доведува во прашање изборите

Неуспехот од спроведувањето на потребните реформи го доведува во прашање одржувањето на предвремените парламентарни избори закажни за април следната година, изјави амбасадорот на Соединетите Американски Држави во постојаниот Совет на ОБСЕ во Виена, Даниел Бер, во своето обраќање пред Советот. Тој истаканува дека САД се загрижени од тоа што партиите го испуштиле крајниот рок на 20 октомври да постигнат договор за...

Ослободени 70 курдски заложници во воена операција на САД и на Ирак

Седумдесетина Курди кои биле држени како заложници од милитантите на Исламска држава (ИД) во Ирак, биле ослободени во воена операција што денеска ја извеле сили на Соединетите Американски Држави (САД) и на Ирак, пренесуваат американските медиуми. Според сè уште непотврдени информации, во спасувачката операција загинал еден војник на САД. Воената операција се случила утрово, во близина на градот Хавиџа, во провинцијата Киркук,...

Стејт департмент: Договорот од Пржино е најдобриот начин за излез од политичката криза

Американскиот Стејт департмент оцени дека Договорот од Пржино е најдобриот начин за излез од политичката криза во Македонија и ги повика политичките партии да ја продолжат неговата имплементација. - Ги охрабруваме македонските лидери да го надградат напредокот што веќе го постигнаа со имплементирањето на политичкиот договор од 15 јули, кој, всушност, претставува најдобар начин за излез од кризата и за...

Утре средба Нуланд – Коѕиас во Атина

Заменичката на државниот секретар на САД за европски прашања, Викторија Нуланд, утре ќе се сретне со шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас. Нуланд ќе биде примена во грчкото министерство за надворешни работи во 16.30 часот по локално време, веднаш по средбата на Коѕиас со бугарскиот министер за надворешни работи, Даниел Митров. Засега не се најавени други средби на Нуланд со...

Бејли: Загрижен сум за неможноста на лидерите да постигнат договор

Амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли, на својот твитер-профил објави дека е загрижен затоа што лидерите на политичките партии вчера не постигнаа договор на лидерската средба на која присуствуваше и еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан. „Длабоко сум загрижен за неможноста лидерите да постигнат договор. Договорите од Пржино се начин да се осигура одговорност, да се подобрат условите за слободни...

Продолжуваат трговските преговори меѓу САД и ЕУ

Во Мајами денеска почна 11. рунда преговори за Трансатлантскиот трговски договор, за да се надминат одредени несогласувања за некои клучни економски прашања меѓу САД и Европската унија. - Важно е земјите од Европа да се обединат околу договорот за Трансатлантската трговија и инвестициско партнерство (ТТИП), бидејќи тој може да помогне во унапредување на прописите, според кои се работи насекаде во светот. Договорот нема...

Стапи на сила договорот за иранската нуклеарна програма

Меѓународниот договор околу иранската нуклеарна програма, кој на 14 јули оваа година, во Виена, го постигнаа Иран и групата пет постојани членки на Советот за безбедност на ОН (Кина, Русија, САД, Франција и Велика Британија) плус Германија, од денеска стапува на сила. Со усвојувањето на договорот, сега сите инволвирани земји треба да почнат со реализација на преземените обврски. Според договорот, пренесува...

Турски авиони собориле неидентификувано летало близу границата со Сирија

Турските власти денеска соопштија дека нивни борбени авиони собориле неидентификувано летало што го нарушило воздушниот простор на земјата, близу границата со Сирија, јавува „Би-Би-Си“. Според медиумските извештаи, во кои се цитираат изјави на турски официјални лица, станувало збор за беспилотно летало, но повеќе детали за случајот засега не се соопштуваат. Инаку, како што е познато, покрај сириската влада, со беспилотни летала оперираат и...

Малезија: Уапсен косовски хакер поради поврзаност со ИД

Ардит Феризи од Косово е уапсен во Куала Лумпур поради хакирање и, наводно, давање информации за припадници на американските служби на милитантната организација Исламска држава (ИД), соопштија малезиски и американски претставници. Шефот на малезиската полиција, Халид Абу Бакар, доцна синоќа соопшти дека Феризи, кој е во своите 20. години, е уапсен на 15 септември. Феризи е осомничен дека е во контакт...

Обама, сепак, нема да ги повлече сите војници од Авганистан

Американскиот претседател Барак Обама планира да задржи 5.500 војници во Авганистан и по 2016 година. Според првобитниот план, требало сите американски војници да се повлечат од Авганистан, освен една помала група што би била задолжена за безбедноста на амбасадата во Кабул. Се очекува Обама денеска официјално да ја соопшти одлуката за останување на војската во Авганистан, каде во моментов има распоредено 9.800...

Бејли: На специјалната обвинителка треба да ѝ се дадат ресурсите што ѝ се потребни

„Пратениците, четирите политички партии и Советот на јавни обвинители ја изгласаа специјалната јавна обвинителка врз основа на нејзината професионалност. Сметам дека треба да ѝ ги дадат ресурсите што ѝ се потребни за да ја зврши својата важна работа“, рече амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли, заедно со премиерот Никола Груевски го отворија новиот училишен објект за учениците со оштетен вид од државаното училиште...

Лавров: САД одбија разговори за Сирија

САД одбија да ја примат високата руска делегација за разговори со Сирија, како и да испрати свој претставник во Москва, изјави денеска шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров. - Буквално денеска добивме одговор. Речено ни е дека не можат да испратат делегација во Москва и не можат да примат делегација во Вашингтон – рече Лавров во рускиот парламент. Рускиот претседател Владимир...

Турција: САД и Русија да не им даваат оружје на Курдите

Турските власти денеска ги повикаа на разговор амбасадорите на САД и на Русија за да ги предупредат дека се против давање каква било помош на сириските Курди во нивните операции против екстремистичката група Исламска држава во Сирија, соопштија избори од турската влада. Претставникот на турското МНР соопштил дека властите ги запознале амбасадорите со ставовите на Турција за курдската партија во Сирија,...

Хилари Клинтон за поцврст став кон Путин

Поранешната државна секретарка Хилари Клинтон изјави дека „од лидерска позиција би презела многу повеќе чекори“ и оти би имала потврд став против рускиот претседател Владимир Путин во поглед на Сирија. За време на претседателската дебата на Демократската партија во Лас Вегас, за сè поголемото учество на Русија во сириската граѓанска војна, Клинтон рече дека би зазела поцврста линија против Путин. -...

Вашингтон: Извештајот за урнатиот малезиски авион е пресвртница

Белата куќа денеска оцени дека извештајот за причините за падот на авионот на „Малезија ерлајнс“ во Источна Украина во јули 2014 година, претставува важна пресвртница во напорите да се утврди одговорноста. - Независната истрага на холандската комисија за воздухопловна безбедност е спроведена во согласност со меѓународните стандарди -  оцени портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Нед Прајс,...

Путин: Операциите на меѓународната коалиција во Сирија се без резултати

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека воената операција на меѓународната коалиција, предводена од САД, во Сирија, не дава никакви резултати. Путин предупреди дека оружјето што Вашингтон го доставува во Сирија би можело повторно да се најде во рацете на терористите. - Сега соопштија дека од авион ја снабдуваат со оружје Слободната сириска армија. Каде е таа Слободна сириска војска? Нема ли...

САД и ЕУ: Од суштинска важност е Советот на јавни обвинители да го именува тимот на Јанева

Амбасадата на Соединетите Американски Држави и Делегацијата на Европската унија во Скопје го поздравуваат досега постигнатиот напредок во однос на спроведувањето на законот за јавниот обвинител за истраги за прислушуваните комуникации, што е клучен сегмент од политичкиот договор. Тие велат дека позитивни моменти претставуваат брзото именување на Катица Јанева на функцијата јавен обвинител за истражување на прислушуваните комуникации, фактот што...

Напредок во разговорот меѓу САД и Русија за акциите во Сирија

Постигнат е напредок во разговорите меѓу САД и Русија за избегнување случајни несреќи меѓу двете сили во воздушниот простор на Сирија, соопшти синоќа Пентагон. - Разговорот беше професионален и насочен конкретно на примена на одредени безбедносни процедури - се наведува во соопштението од Пентагон.

Продолжуваат разговорите меѓу САД и Русија за нападите во Сирија

Официјален Вашингтон повторно ќе иницира разговори со Москва за да се избегнат инциденти во воздушниот простор на Сирија, соопшти портпаролот на Пентагон, Петер Кук, додавајќи дека преговорите ќе се одржат во текот на викендов. Продолжувањето на разговорите доаѓа откако Москва одговори на американските барања, руските авиони да ја избегнуваат рутата на дроновите и на авионите на коалицијата предводена од САД. САД и...

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...