fbpx

Бејли: Загрижен сум за неможноста на лидерите да постигнат договор

-

Амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли, на својот твитер-профил објави дека е загрижен затоа што лидерите на политичките партии вчера не постигнаа договор на лидерската средба на која присуствуваше и еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан.

„Длабоко сум загрижен за неможноста лидерите да постигнат договор. Договорите од Пржино се начин да се осигура одговорност, да се подобрат условите за слободни и фер избори и да се стави крај на македонската политичка криза. Потребна е политичка волја за справување со преостанатите прашања“, твитна Бејли.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Изложба „Уметници и бегалци“ во Чифте Амам

Изложбата „Уметници и бегалци“ ќе се отвори во вторник (2 aприл) во Националната галерија Чифте Амам во скопската чаршија. Делата на изложбата се инспирирани од сведоштва кои биле директно раскажани...