fbpx

Вашингтон: Извештајот за урнатиот малезиски авион е пресвртница

-

Белата куќа денеска оцени дека извештајот за причините за падот на авионот на „Малезија ерлајнс“ во Источна Украина во јули 2014 година, претставува важна пресвртница во напорите да се утврди одговорноста.

– Независната истрага на холандската комисија за воздухопловна безбедност е спроведена во согласност со меѓународните стандарди –  оцени портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Нед Прајс, и додаде дека официјален Вашингтон целосно ќе ги поддржуваат напорите за изведување на одговорните пред лицето на правдата.

Прајс истакна дека Белата куќа и понатаму останува на процената дека авионот е урнат со ракета земја-воздух истрелана од територија што ја контролираат проруските сепаратисти во Источна Украина.

Во извештајот објавен денеска, се наведува дека авионот е погоден со ракета „бук“ од руско производство. Во документот не се посочува кој е виновен за соборувањето на комерцијалниот авион, но се наведува дека вакви ракети имаат и сепаратистите, но и припадниците на украинската армија.

Авионот на „Малезија ерлајнс“ со 298 патници леташе од Амстердам за Куала Лумпур, кога беше соборен над Украина.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...